Превкусен брз колач кој не се пече, готов е додека трепнеш

Многу вкусен колач со гриз и бисквити, лесна и едноставна подготовка – ќе ви се допадне и вам.

Потребни состојки:

1 литар млеко
150 г гриз
250 г маргарин / путер
1-2 лажици какао
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 лимон – кора и сок
бисквити

Постапка:

Сварете го млекото со шеќеро, додадете го маргаринот да се растопи, па во оваа смеса сварете го гризот. Мешајте додека тој да се свари и згусне.

Добиената смеса поделете ја на два дела, па во едниот додадете какао, а во другиот ванилин-шеќер и лимон. Работете брзо додека кремот е топол и не почнал да се стврднува.

Loading...

Во плех со величина 20х30 см наредете бисквити, па врз нив прво нанесете ја темната смеса. Потоа, врз црната смеса повторно наредете бисквити. Одозгора нанесете го светлиот крем, а потоа наредете уште еден ред бисквити.

Бисквитите нема потреба да се натопуваат во млеко, затоа што од кремот ќе омекнат. Колачот добро изладете го во фрижидер пред послужување.

Loading...