Преку ОВИЕ предмети најчесто се прави магија за некому да му се нанесе зло – внимавајте на контактот

Постојат бројни начини и “рецепти” за правење магии, а ова се најопасните начини, на кои треба особено да се води сметка и да се внимава да не се дојде во контакт со тие предмети

Постојат разни начини како некому да му се направи магија и да му се нанесе зло. Ако некој намерно сака да ви наштети тоа ќе го направи на било кој начин и нема да ги бира средствата за да ја оствари својата цел. Постојат бројни начини и “рецепти” за правење магии, а ова се најопасните начини, на кои треба особено да се води сметка и да се внимава да не се дојде во контакт со тие предмети.

Најопасни се прамени од коса измешани со коски и женска, менструална крв. Потоа следат еден вид на вуду-кукли кои се прават од парче облека или коса од човекот за кого е наменета магијата.

Не е безопасна ниту магијата која се нагази, односно магија со конец. Таа се прави на места каде жртвата најчесто поминува, се движи или живее. На пример, дома, во дворот, градината, автомобилот, столицата на која најчесто седи, алиштата кои ги носи и слично. Оваа магија главно личи на некој незавршен предмет од волница или може да биде само едноставен црвен конец.

Често магиите се прават и преку мртви животни, односно преку нивните трупови. Тогаш може да се пренесе и зараза. Оваа магија најчесто се прави од убиени кокошки, змии, кучиња, мачки, гаврани и друго.

Преку јајца и лушпи од јајца најчесто се прават најцрните магии кога некому се посакува смрт. Лушпата од јајце се поставува близу човекот кому се прави магија. Ако лушпата се измеша со земја донесена од гробишта, човекот или ќе умре или ќе полуди. Обично ваквите луѓе ги лекуваат на клиника за душевни болни, но без видно подобрување.

Ништо помалку опасна состојка со која се прави црна магија е менструалната крв. Магијата се прави така што на мажот му се става во пијалак неколку капки крв и се изговара специјална љубовна бајалка. На тој начин мажот се врзува само за една жена и ја губи половата моќ и желба кога е со други жени.

Loading...