ПОСНО ПРЕДЈАДЕЊЕ ЗА СЛАВА: 7 рецепти, не знаете кое е повкусно и поубаво…Рецепти на Маријана Будимировиќ.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тиквички со сирење:
2 средни тиквички
250 г растителен кашкавал исечкан на коцки
4 чешниња лук
100 мл маслиново масло
3 супени лажици оцет

За топчиња со туна:
4 големи компири
125 г маргарин
100 г печен сусам
2 кисели краставички
1/2 конзерва туна

За ролатот со блитва:
1 голем лист обланда
200 г блитва
1 главица кромид
4 чешниња лук
1 среден компир
2 лажици скроб/нишесте/густин
200 мл млеко од соја

За печурките шампињони полнети со сардина:
800 г печурки
2 конзерви сардина
1 црвена, печена пиперка
100 г растителен кашкавал
1 лимон

За топчињата од кикирики:
4 големи компири
125 г маргарин
300 г печени кикирики
2 лажици посен мајонез
150 г сечкани, маринирани печурки

За ролат од рибина паштета со зеленчук:
1 лист поголем лист обланда
100 г маргарин
120 г рибина паштета со зеленчук
1 црвена, печена пиперка
1 кисела краставица

За ролат со паштета од туна:
100 г маргарин
120 г паштета од туна
1 лажица ајвар
1 лажичка сенф
1 лист поголем лист обланда

ПОСТАПКА:

За тиквички со кашкавал: измијте ги тиквичките и исечете ги на кругови. Посолете ги за да испуштат вода. Во меѓувреме во длабок сад измешајте ги маслиновото масло, оцетот, изренданиот лук и солта.

Во плех обложен со хартија за печење наредете ги тиквичките и печете ги 15 минути во загреана рерна на 180 степени. Извадете ги од рерна, наредете ги во сад и прелијте ги со подготвената маринада.

Оставете ги да отстојат во маринадата до следниот ден, а пред послужување исечете го кашкавалот на коцки, па во секој круг тиквички ставете по една коцка кашкавал, прободете со чепкалка и залијте го со малку маринада.

За топчиња со туна: сварете ги компирите во солена вода, исцедете ги, додајте маргарин и изматете со миксер додека е уште топло.

Додајте 50 г печен сусам, ситно исечканите краставици, туната исцедена од масло, посолете по вкус и убаво измешајте. Од добиената смеса правете топчиња и валајте ги во преостанатиот сусам.

За печурки полнети со сардина: капачињата од печурките наредете ги во тава подмачкана со масло. Измешајте ги сардините во блендер заедно со маслото од конзервата. Додајте ситно сечкана пиперка и стебленцата од печурки.

Промешајте со сок од лимон, сол и црн пипер по вкус. Полнете ги печурките, па печете 15 минути во загреана рерна на 180 C. Кашкавалот изрендајте го, сипете го одозгора и вратете да се допече уште малку колку да се растопи.

За топчиња со кикирики: Компирите сварете ги во солена вода, исцедете ги, додајте го маргаринот додека е сè уште топло пирето и изматете ги со миксер.

Додајте ситно сечкани маринирани печурки, мајонез, 150 г крупно сечкани печени кикирики, посолете по вкус, па добро измешајте. Од смесата правете топчиња и валајте ги во преостанатите мелени кикирики.

За ролатот со блитва: кромидот ситно исечкајте го, па издинстајте го на загреано масло. Кога ќе застакли, додадете ја сечканата бланширана блитва (или замрзната во брикети).

Кога вишокот течност ќе изврие, додајте го густинот измешан во млеко од соја и варете 3-4 минути додека да се згусне. Тргнете го од шпорет, додајте го компир пирете, па сето изматете го кратко со миксер.

Промешајте во ситно сечканиот лук, посолете по вкус, па наполнете ја омекнатата обланда, завиткајте ја во ролат и оставете ја добро да се стегне пред да ја исечете.

За ролат со паштета со зеленчук: пенасто изматете го омекнатиот маргарин, па додајте ја рибината паштета со зеленчук.

Пиперката и краставицата исечкајте ги ситно, сето убаво измешајте, зачинете по вкус и филувајте ја омекнатата обланда, па свиткајте ја во ролат и оставете убаво да се стегне пред сечењето.

За ролат со паштета од туна: Пенасто изматете го маргаринот, а потоа додадете ја паштетата од туна, ајварот, сенфот, солта и убаво измешајте. Наполнете ја омекнатата обланда и свиткајте ја во ролат, па оставете ја во фрижидер добро да се стегне.

Сè наредете на голем овал и послужете.