Home посни колачи ПОСНИ ТРИАГОЛНИЦИ, БАЈАДЕРА И РОЛАТ: Најдобрите десерти за славската трпеза, сите ги...

ПОСНИ ТРИАГОЛНИЦИ, БАЈАДЕРА И РОЛАТ: Најдобрите десерти за славската трпеза, сите ги јадат во еден залак

Постојат различни видови на посни, славски колачи. Обично основата на секој од овие колачи е бисквит засладен со шеќер, мед, џем или чоколадо и омекнат со маргарин.

Во продолжение може да ги прочитате најдобрите три рецепти за посни колачи кои се воедно и најбарани на празничната трпеза. Првиот е посен триаголник со желе бонбони, вториот е посен ролат, а третиот посна бајадера со алва. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 150 г посен маргарин, 150 г шеќер во прав, 100 г мелени ореви, 100 г посен мелен бисквит, 2 мали лажици рум, 100 г посно чоколадо, 100 г зелени желе бонбони (може и друга боја, но зелената најмногу одговара).

РЕЦЕПТ 1

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 250 г маргарин, 250 г шеќер во прав, 250 г мелен бисквит, сок и кора од 1 лимон, 1 кесичка ванилин шеќер, 250 г желе бонбони.

ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо за готвење, 3 лажици масло.

РЕЦЕПТ 2

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 750 г посен бисквит, 150 мл вода, 300 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, сок од 2 лимони, 200 г сусам, 200 г посно темно чоколадо, 450 г мелена алва, 300 г маргарин.

ЗА ГЛАЗУРА: 200 г посно темно чоколадо, 100 г маргарин, малку вода.

РЕЦЕПТ 3

ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Маргаринот се мати со шеќерот во прав, па се додаваат мелените ореви, мелените бисквити и румот. Смесата убаво се замесува со раце, па се дели на два еднакви делови. Во едниот дел се меша растопената чоколада.

<

Еден триаголен калап покријте го со фолија, па страните на триаголникот пополнете ги со ширина од околу 1 см од чоколадната смеса.

Од страните наредете ги желе бонбоните исечени на половина, а останатиот дел наполнете го со белата маса и израмнете. Покријте со фолија и оставете го на ладно да се стегне…

Можете и полесно, ставете една смеса на дното, па ставете желе бонбони, па одозгора и другата смеса.

ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Маргаринот се мати со шеќерот во прав. Потоа додајте мелен бисквит, ванилин шеќер и кора од лимон.

Постепено додавајте сок од лимон и месете додека да се добие не премногу тврда смеса. По потреба може да се додаде и малку бело вино (или сок) за да се добие саканата цврстина.

РЕЦЕПТ 2

На крајот додајте ги сечканите желе бонбони и убаво измешајте. Еден лист алуминиумска фолија премачкајте со масло, прелијте со подготвената смеса и формирајте ролат, па ставете во фрижидер да се стегне, минимум 2 часа.

Чоколадото и маслото растопете ги на пареа и прелијте врз ролатот. Кога глазурата ќе се стегне, ролатот исечкајте го на прстени.

РЕЦЕПТ 2

ПОСТАПКА (ТРЕТ РЕЦЕПТ): Сусамот се пржи во тава (без масло) до златножолта боја. Потоа сомелете го ситно и измешајте го со мелените бисквити и алва.

Сварете ја водата со шеќерот во сируп, тргнете од оган и додајте ванилин шеќер, сок од лимон и маргарин.

Мешајте додека да се растопи и соедини. Потоа прелијте ја смесата од бисквити, алва и сусам – соединете сè и поделете ја смесата. Чоколадото растопете го на пареа и измешајте го во еден дел од смесата.

На четвртаст плех прво распоредете го црниот дел со влажни раце, па белиот дел, прелијте го со чоколадна глазура. Чоколадна глазура: растопете чоколадо со маргарин и малку вода. Најдобро е бајадерата да се остави преку ноќ да се стегне. / Сооlinarika.сom