Посни топчиња со кикиритки…Прекрасен посен колач кој се прави многу брзо…Сигурна сум дека ќе ви се допадне…
![](https://nmd.mk/wp-content/uploads/2023/11/IMG_0681.jpg)
Прекрасен посен колач кој се прави многу брзо. Сигурна сум дека ќе ви се допадне…Рецепт и фотографии на Верица Николиќ. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г печени, несолени, кикирики
100 г печени лешници
2 лажици мед
2 лажици какао во прав
3-4 лажици џем
И уште: мелени лешници и кокос (или мелени кикирики) за валање на топчињата
ПОСТАПКА:
Кикириките и лешниците сомелете ги и ставете ги во соодветен сад. Додајте какао и измешајте. Потоа додајте мед и ставете џем по вкус (јас ставив џем од шипинка – 4 лажици).
![](https://nmd.mk/wp-content/uploads/2023/11/IMG_0680.jpg)
Со рака добро соединете ги сите состојки. Со мало лажиче црпете од смесата и со дланките формирајте топчиња.
Валајте ги во мелени лешници, мелени кикирики или кокос. Оставете ги во фрижидер половина час и послужете ги. Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.
![](https://nmd.mk/wp-content/uploads/2023/11/IMG_0679.jpg)