Рецепт и видео презентација на “Мое Катче” – Колачиња кои се топат во уста. Овие ванилици се посни, но секако, можете да ги приготвите и во масна варијанта доколку користите путер или маст. Овие колачи се печат во загреана рерна на 180 степени, само 12 минути. Треба да останат со светла боја.

ванилици со џем
ванилици со џем

Потребни состојки: 250 г маргарин омекнат на собна температура (кој сака може да употреби путер или маст), 100 г шеќер во прав, рендана кора од лимон, исцеден сок од половина лимон, 1 кесичка ванилин шеќер, 50 г мелени ореви, 400 г брашно тип 400 или некое друго брашно по ваш избор.

потребни состојки

Уште ќе ви биде потребно џем по ваша желба за лепење на колачињата и шеќер во прав за валкање на ванилиците. Доколку сакате во шеќерот во прав додадете и неколку кесички ванилин шеќер.

ванилици со џем

Постапка: Омекнатиот маргарин на собна температура, изгмечете го со помош на виљушка. Додајте шеќер во прав и ванилин шеќер и продолжете со матење. Маргаринот можете да го изработите со виљушка или со миксер, како ви е полесно.

путерот омекнете го на собна температура
соединете го со шеќерот
додајте рендана кора од лимон и сок од половина лимон

Изрендајте и додајте малку рендана кора од лимон и исцеден сок од половина лимон. Уште еднаш добро промешајте за да се инкорпорира лимоновиот сок. Потоа додајте мелени ореви, повторно промешајте за убаво да се соедини.

Потоа додајте мелени ореви, повторно промешајте за убаво да се соедини
Постепено во смесата додавајте меко брашно и месете со рака

Постепено во смесата додавајте меко брашно и месете со рака. Брашно додавајте сè додека тестото е меко. Убаво изработете го со рака. Се меси додека да почне да се одвојува од ѕидовите на ѕидот и да не се лепи за раце, а сепак да е меко и лесно да се обликува.

Се меси додека да почне да се одвојува од ѕидовите на ѕидот и да не се лепи за раце
развлечете го со помош на оклагија во тенка кора со 0,5 см
вадете разни форми

Вака добиеното тесто развлечете го со помош на оклагија во тенка кора со 0,5 см дебелина, па со помош на ракиена чашка, капаче или модли со разни форми вадете ги колачињата. Формите вадете ги и редете ги во плех обложен со хартија, а остатокот од тестото повторно соберете го и формирајте го во топка.

Формите вадете ги и редете ги во плех обложен со хартија, а остатокот од тестото повторно соберете го и формирајте го во топка
Ванилиците ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 12 минути

Потоа развлечете го во кора и повторно вадете форми. Постапката повторувајте ја додека да го потрошите целото тесто. Ванилиците ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 12 минути. Проверувајте ги и внимавајте да ја задржат светлата боја.

спојувајте ги со џем

Печените колачи оставете ги малку да подизладат, па спојувајте ги две по две: намачкајте едно колаче со џем па поклопете го со друго колаче и така ќе добиете сендвич. Вака лепените колачиња валкајте ги во шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

ванилици со џем

НАЈМЕКИТЕ ВАНИЛИЦИ – Рецепт кој вреди да си го запишете, прогласен за најдобар! Во 2015 година овој рецепт на Александра за нејмеките ванилици – беше прогласен за најдобриот празничен рецепт од страна на Познатиот сајт за храна Food52.

Потребни состојки за 60 ванилици: 200 г шеќер во прав, 1 мешунка ванила исечена на парчиња, 300 г маст, 250 г шеќер кристал, 1 јајце, 2 жолчки, 1 лимон – сок, 1 лажичка ситно рендана кора од лимон, 250 г мелени ореви, 600 г брашно и џем од кајсии или шипки за спојување на ванилиците

Постапка: неколку дена пред да ги правите колачињата, помешајте го шеќерот во прав со исечената мешунка од ванила и затворете го во лимена кутија со капак. На тој начин ќе добиете ванилин шеќер.

Во еден сад изматете ја ја маста со кристалниот шеќер (обичен шеќер) додека да добиете крем. Изматете јајце, жолчки, лимонов сок и лимонова кора. Додајте мелени ореви и брашно, па матете додека да добиете изедначено тесто. Покријте го и ставете го на ладење во фрижидер најмалку три часа или најдобро преку ноќ.

Загрејте ја рерната на 160 степени доколку има вентилатор, а доколку печете во обична рерна тогаш на 180 степени. Ставете го тестото на добро набрашнета површина и развлечете кора со дебелина од околу половина центиметар.

Обложете два плеха со хартија за печење и со помош на мала модла вадете ванилици и редете ги на одредено растојание. Печете ги околу 12 минути, така да останат бели. Оставете ги да изладат во тепсијата околу 5 минути. Потоа префрлете ги на решетка или рамна површина додека целосно да изладат.

Кога целосно ќе бидат изладени, секој колач намачкајте го со џем и поклопете го со друг колач. Секој добиен сендвич добро извалкајте го во ванилин шеќер. Ванилиците редете ги во лимена кутија и почекајте 1-2 дена пред сервирање.