Прекрасни топчиња со многу убав вкус, лапни голтни! Се приготвуваат од многу малку намирници, а даваат толку исполнет вкус!

Инаку, состојките можете да ги додавате по желба, а освен што во јаболката ќе ставите бисквити, исто така, можете да додавате лимон, портокал, рум, суво грозје, цимет….

бомбици со јаболка и бисквити

Главно, со овие состојки нема да згрешите, бидејќи совршено си одговараат со јаболката.

Потоа можете да ги натопувате во чоколадо, да ги валкате во ореви, кокос, мелени бисквити…

бомбици со јаболка и бисквити

ПРВА ВЕРЗИЈА

Потребни состојки:

5-6 јаболка со средна големина
150 г шеќер
150 г бисквити (за посно користете посни бисквити)
150 г мелени ореви или бадеми за валкање

ВТОРА ВЕРЗИЈА

Потребни состојки:

1 кг јаболка
200 г шеќер
250 г мелени бисквити
1 капаче рум по желба

За валкање:

100 г чоколадо
3 лажици масло
Кокос или нешто по желба за валкање

Постапка:

Јаболката измијте ги, излупете ги и изрендајте ги, па оставете ги 15-тина минути да пуштат сок. Потоа изгмечете ги со рака и исцедете ги.

изрендани јаболка, исцедени

Исцедените јаболка ставајте ги во поголем сад. Додадете шеќер и на умерен оган гответе ги 15 минути.

јаболка и шеќер, готвени 15 мин

Тргнете на страна да излади, а за тоа време растопете го чоколадото со масло, па и него оставете го да подизлади.

смеса од јаболка и мелени бисквити

Јаболката помешајте ги со мелени бисквити и соединете. Може да месите со рака или да користете миксер.

земајте со лажиче од смесата и формирајте топчиња

Со лажиче вадете и со дланките обликувајте топчиња.

топчињата прво потопувајте ги во растопено чоколадо

Топчињата потопувајте ги во чоколадо па во мелени ореви или во кокос.

валкајте ги во мелени ореви, бисквити, кокос…