Посни банана бомбици, одлични за секаква пригода, па и за секој ден – се топат во уста. Едноставно се приготвуваат а имаат многу добар вкус кој ќе ве воодушеви.

Потребни состојки:

2 зрели банани
150 г посен маргарин
150 г шеќер во прав
300 г посни мелени бисквити
100 г мелени лешници

Постапка:

Маргаринот оставете го да омекне на собна температура, па пенасто изматете го со шеќерот во прав.

Бананите исечете ги на тркалца и малку изгмечете ги со виљушка, па додадете ги и нив во маргаринот и уште малку изматете за да се соединат.

Додадете ги посните, мелени босквити и промешајте убаво за да се изедначи смесата. Потоа вадете од смесата и формирајте со дланките топчиња со величина на орев. Ако смесата не е доволно густа, оставете ја во фрижидер малку да се стегне или додадете уште малку мелени бисквити.

Формираните топчиња валкајте ги во мелен лешник. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: