ПОСНО, БРЗО И ЗДРАВО ЈАДЕЊЕ во азиски стил: брз и вкусен рецепт!

Ако сте во потрага по вкусен оброк кој брзо се приготвува, а притоа изобилува со корисни и нутритивни состојки, овој рецепт со зеленчук во азиски стил сигурно ќе ви се допадне. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

350 г тиквички
300 г пиперки
280 г моркови
140 г црвен кромид (1 средна главица)
150 г шампињони (печурки)
3 чешниња лук
1 кафена лажичка буковец (чили снегулки)
4 лажици масло
3 стебленца млад зелен кромид
1 лажица сос од остриги (опционо)
2 лажици соја сос

ПОСТАПКА:

1.Кромидот исечете го на лентички и кратко пропжете го на малку масло. Потоа додајте ситно сечкано лукче и промешајте. Штом омекне извадете го во посебен сад.

2.Печурките исечкјате ги крупно или на ленти, па во истата тава потпржете ги додека да ја променат бојата, 3 минути на силен оган. Извадете ги и ставете ги заедно со кромидот.

3.Морковот исто така исечете го на ленти и испржете го 4-5 минути на силен оган.

4.Потоа додајте црвена пиперка исечена на ленти-стапчиња, како и тиквичка исечена на ист начин. Додајте една лажица масло (по потреба) и пржете 3 минути на силен оган.

5.Додајте ги претходно издинстаните печурки и кромид. Промешајте.

6.На крај додајте зелени перца од млад кромид, зачинете со сос и зачини по вкус, па промешајте. Динстајте уште 1 минута на силен оган.

7.Вашето јадење е спремно. Поипете одозгора со сусам и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.