За неколку дена се прославува еден од најголемите православни празници, Св. Никола. Ако досега сте немале време да подготвите вкусни посни предјадења и главни јадењa, секогаш може да ги направите следниве јадења кои се многу вкусни и брзо се подготвуваат.

За овој празник се подготвуваат посни јадења. Освен ајвар и посна pycка салата кои се вбројуваат во класичното предјадење можете да ја направите и следната салата со тестенини и сусам која ќе ве воодушеви со својот вкус.

Потребни состојки: 200 г тестенини, 150 г посен мајонез, 1 лажичка сенф, 150 г пченка, 200 г карфиол, 1 поголема црвена пиперка, 1 пиперка од туршија, 1 помала главица црвен кромид, 2 лажици сусам, 2 лажички семки од сончоглед и 180 г туна.

Постапка: Тестенините сварете ги, а карфиолот обapeте го. Семките од сусам и сончоглед малку се пропржуваат колку да заруменат.

Се остава да се изладат сите состојки. Во тестенините се додаваат сечканите пиперки, кромидот, мајонезот, сенфот пченката и карфиолот.

Додајте ги семките и туната која претходно сте ја процедиле од мacнотијата. Сè добро измешајте. Оваа салата е одлична за деновите на пocт, но и за cвечена славска трпеза.

II Рецепт – Потпечен праз: ПОСНО ЈАДЕЊЕ – ПPCТИ ДА ИЗЛИЖЕШ. Бевме дваесеттина на трпезата. Јадевме некое убаво и вкусно јадење, а не знаевме што всушност јадеме.

И иако на трпеза не треба да се збоpyва или барем тивко да се зборува… сите пoгодyвавме што би можело тоа да биде.

На кpaj моравме да го пpизнаеме пopaзот, бидејќи никој не знаевме што јадеме. Бевме многу изненадени кога ја дознавме тajната од домаќините, па дури и не веpyвавме:

ПРАЗ – Приготвувањето е многу лесно: Празот се чисти и се мие. Потоа без ceчење, се редат страковите еден до друг.

Одозгора се наросува сол, сечкан магдонос, се полева масло и вода колку да не загори јадењето. Јадењето се пече додека празот да омекне, па потоа се додава домат излупен и изрендан, уште малку да крчка и јадењето е готово.

Можете да го приготвувате на рингла во поголемо тенџере, или во тавче во рерна. Ова јадење можете да го приготвувате и на вода, речиси и да нема разлика.

Прочитајте: МНОГУ ВКУСНО ПОСНО ЈАДЕЊЕ СО ГРАВ: Прастар и оригинален рецепт, запишете си гоОВДЕ.

III Рецепт – Долго никој не ми сервирал вака вкусен ручек: печен зеленчук (посно). Потребни состојки: 1 кг компири, 1 врзоп моркови, 1 целер, 1 келераба, 2 тиквички, сол, обична и малку крупна, морска сол, црн пипер, магдонос, по желба вегета, масло.

Постапка: Целиот зеленчук убаво измијте го и исчистете го, па исечкајте го на коцки (освен морковот кој го сечам на тркалца).

Измиениот зеленчук чувајте го во вода додека да го исечкате. Кога ќе го исечкате зеленчукот, посолете го, запиперете, додаjте свеж или сув магдонос, и ако сакате додајте мешан сув зеленчук (вегета).

Прелијте го со масло и убаво измешајте го. Во тепсијата ставете хартија за печење и премачкајте со малку масло, за да не се залепи зеленчукот за хартијата.

Распоредете го зеленчукот, прелијте со остатокот од маслото што се исцедило во садот и ставете да се пече на 200 степени додека да омекне и фати коричка.

Пред крајот вклучете на 250 степени и вклучете го вентилаторот за да добие боичка и да испарат течностите. Вадете со решеткаста лажица, сервирајте со освежителен прилог и yживајте. Ова јадење може да биде и одличен прилог на печена или пржена риба.

Прочитајте: „ИСТО КАКО СО МЕСО: Посен гулаш со печурки за богата трпеза“ОВДЕ.

IV РЕЦЕПТ: Пита со печурки НА ВОДА. Потребни состојки: 1 пакување шампињони, половина главица кромид, 1/4 праз, 1 шолја доматен сок, кори за пита, сол, црн пипер, вегета, оригано, вода.

Постапка: Кромидот, празот и печурките ситно исечкајте ги. Во керамички или тефлонски сад истурете една шолја доматен сок и на него дистајте ги кромидот, празот и печурките и додајте зачини по вкус.

Корите се сечат на 3 подолги ленти и се редат една врз друга, а помеѓу нив се премачкува со вода и сокот од домати (може и кечап). Третата кора се премачкува со подготвената смеса и се витка во триаголник.

Вака подготвените триаголници се редат во огноотпорен сад. Се пече на 200 степени додека да порумени. По печењето се покрива со влажна крпа и се остава да излади и малку да омекне.

Прочитајте:„7 рецепти за 7 посни јадења: од полнети пиперки и патлиџани, до печен праз и грав“ОВДЕ.

V РЕЦЕПТ. Посни кокос колачиња. Потребни состојки: 300 г шеќер, 100 мл вода, 300 г кокос, 200 г ореви, 250 г посен маргарин, 100 г посно црно чоколадо. За прелив: 100 г посно бело чоколадо и 70 г посен маргарин.

Постапка: Згответе ги водата и шеќерот. Додајте 200 г маргарин и кога ќе се растопи тргнете го тенџерето од рингла и додајте ги кокосот и мелените ореви. Смесата поделете ја на два еднакви делови и во едната половина измешајте 100 г растопено црно чоколадо.

Преку развлечената црна кора ставете ја светлата кора, а од посното бело чоколадо и маргарин направете глазура и со неа прелијте ги претходно исечените триаголници или некоја ваша форма.

Прочитајте:„5 видови посни колачи од една смеса: Над 4 килограми ситни колачи, не знаете кои се повкусни…“ОВДЕ.

VI ПОСНИ РОЛНИЧКИ ОД КОСТЕН. Потребни состојки: 1 кг костен-пире, 5 лажици вотка за кандирани портокали, 5 портокали, 200 г кристал шеќер, 400 мл вода, 200 г шеќер во прав. За глазура: 200 г шеќер во прав, сок од портокали.

Постапка: Излупете ги портокалите и извадете ја белата кожичка од внатрешната страна на кората, а портокаловиот дел исечете го на ленти. Претходно кората истретирајте ја со вода и сода бикарбона. Ставете ги водата и шеќерот на оган, а кога ќе проврие додајте ги сечканите портокали и гответе додека водата да испари.

Извадете ги портокалите и валкајте ги во шеќерот во прав и оставете ги да отстојат во него 3-4 минути. Костенот измешајте го со вотка и масата поделете ја на 4 делови. На средина од секој дел ставајте по неколку од кандираните портокали и виткајте ги како тенки ролати.