Посните кифлички и pycката салата се секогаш одлично решение за празнична трпеза. Ви предлагаме 2 посни ролата, едниот со спанаќ, другиот со ајвар. И секако, тука е неизбежната pycка салата. Можете да ја намачкате и на леб или да ја послужите со вкусни посни кифлички.




ПОСЕН РОЛАТ СО СПАНАЌ. Потребни состојки за кората: 150 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 200 г варен спанаќ, 200 мл газирана вода, 2 лажици масло. За фил: 1 конзерва туна (160 г), 100 г посен мајонез




ПОСТАПКА: Згответе го спанаќот во солена вода. Оставете да се излади. Во поголем сад истурете 150 г брашно. Додајте една лажичка сол и прашок за печиво, а потоа измешајте. Додајте сварен и сечкан спанаќ и промешајте. Додајте газирана вода и масло и добро измешајте ги сите состојки.




Плехот обложете го со хартија за печење и излејте ја приготвената смеса. Распоредете рамномерно па ставете да се пече во добро загреана рерна на 200 степени околу 10 минути. Проверете со чепкалка дали е печено. Топлата кора (веднаш по печењето) свиткајте ја во ролат заедно со влажна крпа.




Оставете ја кората да се излади. Исцедете ја туната од вишокот масло. Промешајте со мајонез и оригано. Пробајте и зачинете по вкус. Добиената смеса рамномерно распоредете ја врз изладената кора. Повторно свиткајте во ролат и оставете да отстои најмалку 3 часа во фрижидер (или ладна соба).




ПОСЕН РОЛАТ СО АЈВАР. Потребни состојки за кора: 8 полни лажици брашно (околу 100 г), 4 лажици ајвар, 250 мл газирана вода, 1 лажичка прашок за печиво. За фил: 6 лажици посен мајонез, 1 конзерва туна, 3 кисели краставички, 1 кафена лажичка сенф




ПОСТАПКА: Просејте го брашно помешано со прашок за печиво, па додајте сол и црн пипер. Додајте ајвар, промешајте, па постепено додавајте газирана вода. Измешајте ги сите состојки додека да се соединат. Плехот од рерна обложете го со хартија за печија, па во него излејте ја приготвената смеса и рамномерно распоредете ја.




Ролатот се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-30 минути. Врелиот ролат ставете го на влажна крпа и свиткајте го заедно со хартијата во која се печеше. Оставете го ролатот добро да се излади. Во меѓувреме направете го филот. Краставиците исечкајте ги на коцки.




Ставете ги во сад и додајте ја туната, посниот мајонез и лажичка сенф, па измешајте ги сите состојки. Вкycете, па додајте црн пипер по желба. Од изладениот ролат отстранете ја хартијата за печење и преку целата повпшина на кората премачкајте го филот. Повторно свиткајте во ролат и оставете во фрижидер најмалку 3 часа, по можност преку ноќ.




ПОСНА РУCКА САЛАТА. Потребни состојки: 500 г варени компири, 200 г моркови за готвење, 300 г варен грашок, 100 г кисели краставички, 250 г посен мајонез, 150 г варена пченка. По желба може да додадете сок од лимон, сенф, туна, лук, маслинки…




ПОСТАПКА: Во посебно тенџере сварете ги компирите со добро измиена лушпа, а остатокот од зеленчукот можете да го зготвите заедно. Компирите, морковите и краставиците исечкајте ги на коцки.

Можете да купите замрзната смеса за pycка салата, но салатата подготвена на овој начин е повкусна. Можете да ja јадете веднаш, иако е повкусна откога ќе отстои малку во фрижидер. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.