ПОСНА ТОРТА…За мене РЕФОРМ тортата е врв, неодолив вкус на чоколадо и ореви…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За корите:
250 мл вода
100 г шеќер
150 г мед
10 лажици брашно (200 г)
150 г мелени ореви
1 лажичка сода бикарбона или прашок за печиво

Фил:
150 г шеќер
100 мл вода
200 г какао крем табли (посно чоколадо)
300 г мелени ореви
250 г маргарин
100 г шеќер во прав

За глазура:
100 г какао крем табли (посно чоколадо)
3 лажици масло

ПОСТАПКА:

1.Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Во подлабок сад сипете топла вода и шеќер и промешајте за шеќерот да почне да се раствора. Потоа додајте мед и повторно измешајте.

2.Додајте брашно, ореви и сода бикарбона или прашок за печиво (мислам дека е подобро со сода) и сè соединете со лажица.

3.Целата смеса распоредете ја во обложен, голем плех 42 x 32 см и печете 20-тина минути.

4.Испечената кора извадете ја од плехот, оставете да се олади и исечете ја на 3 дела, за да се добијат 3 ленти по 14 см.

5.За фил: во тенџере измешајте ги водата и шеќерот и ставете го на оган да зоврие. За тоа време искршете го чоколадото на помали парчиња.

6.Штом водата зоврие тргнете ја од оган, додајте го чоколадото и мешајте додека да се растопи. Потоа додајте ореви, соединете сè и оставете да се излади.

7.Омекнатиот маргарин (на собна температура) пенасто изматете го со шеќерот во прав, па додајте го изладениот кремот со ореви (на двапати) и изматете сѐ заедно.

8.ФИЛУВАЊЕ: кора – фил – кора – фил – кора – остатокот од филот над третата кора и околу целата торта. Дополнително украсете со мелени ореви.

9.Чоколадна глазура: чоколадото и маслото растопете ги и помешајте ги на пареа или во микробранова печка. Оставете да се подизлади и полека прелијте преку филот.

10.Тортата оставете ја во фрижидер да се стегне. Пред сечењето, извадете го колачот 15 минути да отстои на собна температура за да се отпушти. Постапката погледнете ја ОВДЕ..