Неверојатен рецепт за печена кокошка која ќе ги воодушеви вашите гости…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1,8 кг цело пилешко
сол и црн пипер по вкус
40 г путер
5 чешниња лук
1 лажица мед
2 лажици соја сос
1 лажица сенф
1 лажица доматен сос
1 лажица црвен пипер
рузмарин, кромид, магдонос и др.зачински билки

ПОСТАПКА:

Чекор 1: Започнете со чистење и отворање на целото пилешко. Исушете го хартиена салветка и зачинете го со сол и црн пипер. Измасирајте го зачинот во месото за добро да се залепи.

Чекор 2: Загрејте тава со масло и растопете го путерот во неа. Додајте ги чешнињата лук и оставете ги да се динстаат околу една минута.

Чекор 3: Ставете го пилешкото во тавата и пропржете го на средна топлина, повремено превртувајќи го за рамномерно да зарумени и да добие крцкава коричка.

Чекор 4: Додека пилешкото се готви, подгответе го сосот во помал сад со мешање на мед, пипер, соја сос, сос од домати, сенф и рузмарин.

Чекор 5: Откако убаво ќе порумени пилешкото, со четка премачкајте го со приготвениот сос од двете страни.

Чекор 6: Завиткајте го пилешкото во хартија и во алу-фолија и печете го во рерна претходно загреана на 200°C 40 минути.

Чекор 7: Отстранете ја фолијата и продолжете со печењето уште 10 минути за да постигнете крцкава, златно-кафеава надворешност.

Чекор 8: Извадете го пилешкото од рерната и оставете го да отстои неколку минути пред да го послужите. Како пилешкото го подготвува Тања можете да погледнете ОВДЕ.

https://youtu.be/unrfAFgKWsg?si=wrhk25exg72QAUBv