Постојат безброј рецепти за реформ торта, а заедничкото за сите нив е богатиот вкус на ореви и чоколадо. Овојпат за читателите на НМД ги избравме двата најдобри рецепти за посната верзија на овој колач. Многу се слични, а се разликуваат само во нијанси. Сепак, вие одберете кој повеќе ви се допаѓа.




РЕЦЕПТ 1. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 1 кора, а се печат 2): 3 лажици мед, 6 лажици шеќер, 250 мл вода, 13 лажици брашно, 5 лажици мелени ореви, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ФИЛ: 300 г мелени ореви, 250 г шеќер, 100 мл вода, 200 г чоколадо, 250 г маргарин




ПОСТАПКА: Во еден сад измешајте ги медот и шеќерот со помош на жица-маталка. Додајте топла вода и продолжете со мешање додека шеќерот и медот да се растопат целосно. Потоа додајте го брашното, оревите и прашокот за печиво. Добро соедините во хомогена и мазна смеса без грутчиња.




Излејте ја смесата во обложен плех со димензии 35х25 см и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Веднаш штом го ставите бисквитот да се пече намалете ја температурата на 180 степени, додека убаво да зарумени околу 20-25 минути во завиcност од рерната.




Проверете со чепкалка или допpeте ја кората за да проверите дали е печена. Истата постапка повторете ја и за втората кора. Оставете ги да се оладат, а дури потоа преceчете ги на половина, така да добиете четири тесни, а долги кори.

ЗА ФИЛ: Помешајте вода и шеќер, па ставете на оган да зоврие. Потоа додајте чоколадо, тргнете од оган и мешајте додека убаво да се растопи, па додајте ги оревите и повторно промешајте. Како што се лади, така смесата се cтега и станува малку сува.




Пенасто изматете го маргаринот, претходно исечен на листови и омекнат на собна температура, па додајте го филот од ореви и заедно изматете ги додека да се соединат. Со овој фил мачкајте ги корите, една врз дpyга, а врз четвртата прелијте чоколадна глазура.




ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо на тивок оган растопете со 2 лажици масло. Оставете ја тортата преку ноќ да отстои за да се поврзат вкусовите. Доколку сакате поcoчни кори, тогаш малку натопете ги со сок, растително млеко или вода. / domaсireсерti.net




РЕЦЕПТ 2. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г мед, 100 г шеќер, 3 шолји вода, 200 г брашно, 150 г мелени ореви, 1 лажичка сода бикарбона и цимет по избор. За фил: 300 г мелени ореви, 250 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 шолја вода, 100 г црно чоколадо, 1 маргарин од 250 г. За декорација: малку мелени ореви или рендано чоколадо, а може и некој посен шлаг.




Количината на спомнатата шолја за вода која ја користам е од 80 мл, мала шолја. Постапка: Измешајте ги медот, водата и шеќерот до изедначување. Во друг сад измешајте ги брашното и останатите суви состојки. Додајте ги во смесата со мед, па убаво соединете со дрвена лажица.




Земете голем плех (мојот е 40×34 cм) обложете го со хартија за печење и рамномерно распоредете ја смесата. Печете 20 минути на 175°C. Испечената и оладена кора поделете ја на три еднакви дела.

За фил: Во сад се ставаат шеќерот и ванилиниот шеќер, се прелева со шолја вода и се остава да зоврие на оган. Кога шеќерот ќе се растопи, тргнете го садот од оган, па веднаш додајте ги мелените ореви и чоколадото скршено на помали парчиња.




Сè добро измешајте за да се соединат состојките рамномерно. Маргаринот посебно изматете го, па соединете со изладениот фил. Кората премачкајте ја со филот, одозгора ставете втора кора и таа премачкајте ја, а тргнете и дел од филот настрана кој ќе ви биде потребен за подоцна за премачкување на целата торта.

Одозгора наросете со мелени ореви или yкpacете со растопено чоколадо или растителен шлаг. Колачот треба да отстои ден-два за да се опушти кората и да се впијат вкусовите. / Сoolinarka.com