Оваа вкусна погача со неодолив вкус на лук и магдонос ќе ве потсети на старите добри денови кога ќе се вратевте од надвор, а дома ве чекаше топла погача на трпезата.

Погачата има специфичен вкус на лук и магдонос, а тестото за корите е многу меко. Може да ја подготвувате во различни форми, за појадок, ручек или вечера, а додека јадете може да се послужите и со јогурт. Ароматична, вкусна и неодолива, нема да ве остави рамнодушни.

Потребни состојки за кората: 700 г брашно, 1 кесичка сув квасец, 1 супена лажица шеќер, прстофат сол, 1 супена лажица масло, малку млака вода колку да се замеси меко тесто. За филот: 2 супени лажици маргарин или путер, зајре од младо зелено лукче и магдонос.

Подготовка: Во длабок сад се меша брашното, сувиот квасец, шеќерот, солта, маслото и малку млака вода. Се меша во садот додека да се формира, а потоа се пренесува на набрашнета површина и се замесува, но не премногу.

Тестото треба да биде меко и воздушесто. Потоа тестото повторно се враќа во длабокиот сад и се додава уште малку масло. Се остава покриено со фолија и крпа околу 15 минути на собна температура. По изминатото време, тестото повторно се става на набрашнета површина и се дели на половина.

Потоа со едната половина се развлекува правоаголна кора. Должината на кората зависи од тавата во која ќе ја печете погачата. Дебелината на тестото треба да биде 2 – 3 цм. Тестото се премачкува со претходно направената смеса од маргарин, ситно сечканото младо лукче и малку магдонос. Може да додадете малку сол по желба.

Потоа се развлекува и втората половина од тестото со истата должина и дебелина како првата кора. Потоа повторете ја истата постапка на нанесување на смесата од маргарин, магдонос и лук. Се прават две долги ленти од корите, а потоа се сечат на тркалца.

Во претходно намастена тава, тркалцата се редат скалесто додека да се пополни целата површина на тавата. Првото и последното парче од двете ролни, бидејќи немаат правилна тркалезна форма се редат на средината на тавата.

Одозгора тестото се премачкува со разматена жолчка од јајце и се наросува малку сусам и ленено семе. Во претходно загреана рерна, погачата се пече на 200 степени додека не зарумени. Откога погачата ќе се испече, покријте ја со кујнска крпа. Оставете ја да отстои околу 15 минути на собна температура за да омекне дополнително од сопствената топлина.

Потоа послужете се со веќе поделените делови од погачата и уживајте во специфичниот вкус на лук и магдонос. Ова е рецептот на баба ми, се надевам дека ви се допадна. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска. Во продолжение можете да погледнете како Јелена Петровиќ ја приготвува нејзината погача со лук и магдонос ОВДЕ.