Подготовка на НАЈЕВТИНИОТ КОЛАЧ…Стар рецепт со мерки на чаша…Вкусно, за секој ден. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, калап 24х32 см):

2 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1/2 чаша масло
2 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажица какао во прав

ПОСТАПКА:

1.Со жица изматете ги јајцата и шеќерот, па додајте масло и млеко, па повторно соединете. Потоа додајте брашно, ванила и прашок за печиво и сето изедначете го со смесата, да нема грутчиња.

2.Половина од смесата излејте ја во намастен (и набрашнет) калап, а во остатокот додајте го какаото и промешајте за да се изедначи.

3.Распоредете ја кафеавата смеса во светлата и ставете да пече во загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.