ПЛАЗМА КОЦКИ…Комбинацијата од плазма и бело чоколадо е неодолива…Брзо и превкусно! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
ПРВ СЛОЈ:
200 г мелена плазма
100 г мелени лешници
1 лажица шеќер во прав
100 мл млеко
250 мл слатка павлака
ВТОР СЛОЈ:
250 мл слатка павлака
250 г крем сирење
100 г бело чоколадо
100 г мелена плазма
ГЛАЗУРА (растопете на ниска Т):
100 мл бело чоколадо
70 мл слатка павлака
ПОСТАПКА:
Измешајте ги плазмата и лешниците, додајте шеќер во прав, млеко и слатка павлака. Промешајте и смесата распоредете ја во калап обложен со стреч фолија, како прв слој.
Пенасто изматете ја слатката павлака, додајте крем сирење, растопено чоколадо и плазма. Промешајте и распоредете како втор слој. Одозгора прелијте со глазура и оставете да се олади пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ: