Пијана цреша е една многу вкусна и стара торта која се подготвува за сите поголеми прослави бидејќи излегува навистина голема. Кога ќе се пресече изгледа многу кремасто, а филот се подготвува малку поразлично од останатите филови, со тоа што се додава дел од бисквитот во него. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – ЗА БИСКВИТ: 5 јајца, прстофат сол, 150 г шеќер (7 лажици), 80 г брашно (5 лажици), 45 г какао во прав (4 супени лажици + 1 лажичка), пченкарен скроб – 30 г (3 лажици). ЗА ФИЛОТ СО ЦРЕША: цреши без семка – 300 г (2 чаши), 120 г кондензирано млеко (5 супени лажици + 1 лажичка), 70 г путер, 120 г темно чоколадо, 50 мл ликер или коњак (4 лажици).

ЗА ГЛАЗУРА: 150 мл крем за готвење – неутрален 20% (10 лажици), 130 г чоколадо,
30 мл масло (2 лажици), 50 г ореви. Количините се наменети за кружен калап со обрач, со пречник од 20 см или слична големина.

ПОСТАПКА: Измиксајте ги петте јајца на собна температура. Кога ќе станат пенасти постепено додавајте 7 лажици шеќер и прстофат сол. Миксајте вкупно 7-8 минути додека смесата да стане волуменозна и да побели. Вака подготвената смеса треба да има лесна структура. Просејте 5 лажици брашно, заедно со какаото и 3 лажици скроб.

Постепено додавајте ги сувите состојки, додека соединувате со шпатула во една насока. Не ја мешајте грубо смесата за да не спадне, доволно е само да ја преклопувате. Кога ќе добиете еднолична смеса, излејте во обложен калап со хартија за печење, израмнете и печете во загреана рерна на 170 степени, 30-35 минути со проверување.

По печењето, почекајте бисквитот да се олади, па пресечете го горниот испакнат дел. Поголемиот дел ископајте го на средина, односно извадете ја внатрешноста така што ќе изгледа на подлабока чинија. Остатоците складирајте ги настрана за декорација. Бисквитот се одделува лесно бидејќи е мек.

Вратете го бисквитот во калапот обложен со поголема хартија за печење (и од страните). ЗА КРЕМОТ: Во подлабок сад на пареа растопете го чоколадото со кондензираното млеко, путерот и ликерот/коњакот. Кога кремот ќе стане едноличен, тргнете го од пареа, додајте ги црешите (исчистени од семка).

Измешајте, па додајте ги претходно сомелените трошки од кората, кои ги извадивте од средината. Добро измешајте го филот така што ќе стане кремозен и густ. Излејте го филот во вдлабнатината од бисквитот и и израмнете. Затворете со пресечената тенка кора од испакнатиот бисквит.

Ставете ја тортата во фрижидер на неколку часа, па извадете ја од калапот и прелијте ја со чоколадната глазура. Глазурата подгответе ја така што ќе ги растопите на пареа кремот за готвење, чоколадото, јатките и маслото. Почекајте глазурата малку да се стегне, пред да ја послужите тортата. Деталите погледнете ги ОВДЕ.