Имате дома овесни снегулки и понекогаш си приготвувате овесна каша или појадок, но не знаете што друго да направите со нив? Тогаш запишете си го овој рецепт, зашто е токму за вас. Пригответе многу вкусен овесен десерт.

Чоколадниот вкус на овој овесен колач ќе ве освои уште со првиот залак, но не само вас, туку и целото ваше семејство. Многу лесно, брзо и едноставно се приготвува, а освен што има предобар вкус, исто така е многу здрав. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 21х15 см): 200 г овесни снегулки, 500 мл врела вода, 3 банани (200 г), 2 јајца, 50 г мелени бадеми, 1 супена лажица прашок за печиво, 2 супени лажици шеќер (или друг засладувач), 30 г какао во прав, 2 супени лажици чоколадо (во капки или ситно сечкано)

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 250 г цврст јогурт или кисела павлака, 2 супени лажици агаве сируп или некој друг засладувач (може и мед), 2 супени лажици какао во прав и чоколадни трошки за декорација

ПОСТАПКА: Овесните снегулки сипете ги во подлабок сад и прелијте ги со 500 мл зовриена вода. промешајте добро со лажица или кујнска шпатула, па оставете настрана 15 минути. За тоа време снегулките треба добро да се хидрираат и да омекнат.

Три банани добро узреани (200 г) излупете ги и испасирајте ги со виљушка за да добиете пире. Кога овесните снегулки целосно ќе ја впијат водата и ќе добиете густа смеса, малку промешајте ги со лажицата/шпатулата.

Направете вдлабнување во средината, па тука сипете го пирето од банани. Изматете две јајца па и нив додајте ги. Потоа додајте 50 г брашно од бадеми (мелени бадеми), 1 кесичка прашок за печиво (една лажица) и 2 лажици жолт шеќер или по засладувач по избор.

Најпосле додајте 30 г какао во прав (најдобро некое квалитетно) и 2 лажици чоколадни кашки или ситно сечкано чоколадо. Внимателно промешајте додека сите состојки да се изедначат и да добиете убава хомогена смеса.

Калапот во кој ќе се пече колачот намастете го со кокосово масло, па сипете ја целата смеса, рамномерно распоредете ја и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, приближно 40-45 минути.

ЗА ФИЛ: Цврстиот јогурт (може кисела павлака или свежо крем сирење) сипете го во подлабок сад, додајте агаве сируп, мед, јаворов сируп или нешто по ваш избор и вкус, какаото во прав, па добро промешајте додека да добиете изедначена смеса.

Премачкајте го колачот одозгора, па наросете чоколадни трошки за декорација. Колачот може веднаш да се послужи, а можете и претходно да го изладите. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.