Ова е совршена салата за зимница: печени пиперки со лукче во тегла, вкус кој е штета да го пропуштите. Едноставно се приготвува, лесно и без конзерванси. Еве што ви е потребно според рецептот на Тања:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг пиперки, 100 мл масло, 100 мл бел оцет 9%, 1 чајна лажичка сол, 1 главица лук, 1-2 китки магдонос

ПОСТАПКА: Пиперките испечете ги на плотна или во рерна, па оставете ги да се оладат. За тоа време ситно исечкјате го магдоносот. Лукот излупете ги и исечкајте го ситно или на ливчиња.

Пиперките излупете ги од лушпата, дршките и семето, па исечете ги на коцки. Ставете ги во некој поголем сад во кој ќе можете убаво да ги измешате сите состојки. Додајте ги магдоносот и лукот.

Во мешавината сипете 100 мл оцет, 100 мл масло и малку сол (половина лажичка). Промешајте и оставете да отстои 30-45 минути. За тоа време пиперката ќе го впие оцетот и другите зачини, а по тоа време проверете го вкусот и додајте уште малку сол ако е потребно.

Јас додадов уште половина лажичка сол. По изминатото време смесата складирајте ја во чисти тегли. Добро затворете ги и направете пастеризација: на дното од тенџерето ставете крпа, ставете ги теглите и налијте вода до капаците.

Кога водата ќе проврие намалете ја температурата и оставете да се вари уште 20 минути. Оставете ги теглите во водата постепено да се оладат. Потоа избришете ги и сместете ги на темно и ладно место.

Видеопрезантацијата со целата постапка можете да ја погледнете ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „МОДЕРЕН РЕЦЕПТ ЗА МЛАДИ И СТАРИ ДОМАЌИНКИ: Не е ниту старински, ниту бабин, ниту мамин – Печени пиперки во тегла“ – ОВДЕ, каде можете да погледнете како се печат пиперки во рерна.

МОДЕРЕН РЕЦЕПТ ЗА МЛАДИ И СТАРИ ДОМАЌИНКИ: Не е ниту старински, ниту бабин, ниту мамин – Печени пиперки во тегла