Д-р Марио Лабудовиќ, кој многумина го почитуваат заради неговите искрени совети и народни рецепти за лекување на многу болести, на својот канал сподели корисни совети поврзани со остеопорозата.

„Лоша исхрана, генетика, возраст, долговремена употреба на некои лекови…и многу други причини можат да доведат до појава на остеопороза. Една од главните состојки од кои се изградени коските е калциумот.

Освен за изградба на силен скелетен систем, калциумот е важен и за регулација на срцевиот ритам, нивото на холестерол, како и нервна функционалност. Затоа, хипокалцемиа или недостиг на калциум во органиозмот може сериозно да му наштети на здравјето.

99% од вкупниот калциум во телото е сместено во забите и коските. Ако на телото му е потребно калциум некаде на друго место, тогаш тој го извлекува од коските. За да не ослабат коските и забите потребно е секојдневно да се внесува калциум во организмот.

Остатокот од 1% калциум се наоѓа во крвта и меките ткива. Калциумот е најзастапениот минерал во телото. 20% од калцимот се троши секоја година и се заменува со нов (односно, старите клетки од коските се трошат и се заменуваат со нови).

Калциумот не би можел да функционира без магнезиумот кој е многу важен за срцето и крвните садови. Магнезиумот се наоѓа 60% во коските. Игра клучна улога во 300 биохемиски процеси во организмот. 30% се наоѓа во меките ткива, 6-7% се содржи во самите клетки.

Покрај тоа, неопходен е и витамин Д. Најдобро би било да се користи калциум цитрат, а кога се комбинира со магнезиум, тогаш калциумот треба да биде во двојна количина.

Кога станува збор за суплементи, препорачана дневна количина калциум за мажи од 17-90 годишна возраст е 1000 мг, а над 70 1200 мг дневно. За жени од 19-59 години: 1000 мг, а над 70, 1200 мг дневно.

Уште еден многу важен минерал за превенција на остеопороза е Бор. Овој минерал е вклучен во метаболизмот на витамин Д и естрогенот, а може да влијае врз когнитивните функции.

Извори на бор: бадеми, јаболка, авокадо, банани, брокула, целер, круша, мешунки, јаткасти плодови, компир, сок од сливи, гризје и домати. Дневна потребна количина е 1-3 мг. Во мали количини е неопходен и бакарот за здрави коски, срце, нерви и имунитет.

Витамин Ц е уште еден важен витамин (500 мг дневно). Гликозамин хондротин, хромопиколин (chromium picolinate) се суплементи кои можат да помогнат во лекувањето на остеопорозата.

КЕЛП алгата ако се користи редовно во исхраната ќе спречите појава на остеопороза и ќе имате совршено здравје на коските. Алфа алфа (црвена детелина) е уште една билка која е одлична за здравјето на коските.

Д-р Лабудовиќ можете да го слушнете ОВДЕ. За повеќе корисни совети од здравјето заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ЕДНА МАЛА ЛАЖИЧКА ОД ОВА: За силни коски – природен лек за остеопороза“ – ОВДЕ.

ЕДНА МАЛА ЛАЖИЧКА ОД ОВА: За силни коски – природен лек за остеопороза