Home Десерти Овој колач ќе го правите секој ден…Готов за 10 минути, вкусен и...

Овој колач ќе го правите секој ден…Готов за 10 минути, вкусен и мирисен со овошје какво сакате…

Овој колач ќе го правите секој ден…Готов за 10 минути, вкусен и мирисен со овошје какво сакате…

За само 10 минути! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
2 јајца
100 г шеќер (5 супени лажици)
125 мл масло (8 лажици)
125 мл топло млеко (8 лажици)
200 г брашно (7 лажици)
1 лажичка прашок за печиво
25 г какао (2 лажици)

За фил сѐ изматете со миксер:
1 јајце
50 г шеќер (2,5 лажици)
10 г ванилин шеќер (1,5 лажички)
200 г крем сирење/несолена урда (15 лажици)
250 г цреши (или други бобинки по ваш избор)

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат, па додајте ги маслото и млекото. На крај додајте ги сувите состојки, но мешајте рачно за да остане тестото пенливо.

Две третини од тестото сипете го намастен и набрашнет калап 18х28 см. Распоредете го филот и одозгора посипете ги црешите. Завршете со остатокот од кафеавото тесто.

Печете на 180°C (360°F) 35-40 минути.
Големина на калап 18 x 28 cm.

Погледнете го видео рецептот со подготовката ОВДЕ: