Топло ја препорачувам оваа салата, кога ќе ја пробате ќе се уверите колку е добра. Освежителна и со малку киселкаст вкус кој дава посебна сочност. Во етно рестораните ја нема во менито, а навистина е штета бидејќи е многу вкусна. Кај нас дома, постојано ја правам речиси секој ден, а на прославите е обавезна.




Сите гости кои ја пробале веднаш ми побараа рецепт и ми рекоа дека поубава салата не јаделе досега. Рецептот го најдов на јутјуб и веднаш си го запишав. Салатата нема име и првично е осмислена од неколку состојки кои се наоѓаат во домот. Сѐ што ви е потребно е 5 минути време, а потоа ќе уживате во вкусот на оваа салата, која може да замени и оброк. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 парчиња пилешки гради, 4 јајца, 1 голема краставица, 3 перциња млад кромид, 1 главица кромид, 100 г тврд кашкавал, 3-4 лажици мајонез (кисела павлака или јогурт), сол и црн пипер по вкус (пожелно е малку да се посолува, бидејќи во мајонезот има сол). ЗА МАРИНАДАТА ОД КРОМИД: 1/2 лажиче сол, 2 лажици шеќер, 3-4 лажици бел оцет, 150 мл вода.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 500 г тестенини по ваш избор, 150 г тврд кашкавал кашкавал, 200 г шунка. Ќе ви бидат потребни и 2-3 варени моркови, 15 кисели краставички, 1 црвена пиперка или печена црвена пиперка, 1-1,5 јогурт, 200 г мајонез. Освежителна јогурт салата за 10 минути готова, за мене е најдобра! Многу ја сакаме дома и често ја приготвувам, некогаш како салата, а некогаш како главно јадење.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Прво направете ја маринадата за кромидот. Една главица кромид исечкајте ја на ситни коцки. Префрлете во помал и подлабок сад и одозгора прелије со 1/2 лажиче сол, 2 лажици шеќер, 3-4 лажици бел оцет и 150 мл вода. Измешајте ги состојките и оставете кромидот да се маринира околу 1 час. Во меѓувреме сварете ги јајцата и пилешките гради со малку сол во водата.




Краставицата исечете ја на ленти, па потоа исечете ја на ситни коцки. Младото кромитче исечкајте го многу ситно. Кога месото ќе се свари исечете го на ленти, па на коцки, а истото направете го и со тврдо варените јајца. Тврдиот кашкавал изрендајте го. Соединете ги сите состојки во еден подлабок сад, па на крајот додајте го процедениот, мариниран кромид. На крајот филувајте со мајонез. Доколку сакате поздрава варијанта може да ставите павлака измешана со малку сенф или да соедините мајонез, павлака и сенф.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во зовриена вода со малку сол и масло сварете ги тестенините според упатството. Потоа исплакнете ги со ладна вода во цедалка. Додајте им малку масло или растопен путер и промешајте убаво да се намастат рамномерно, па оставете да изладат. Кашкавалот, шунката, варените моркови, краставичките и пиперката – сите исечкајте ги на коцкички, па додајте ги во изладените тестенини.




Потоа додајте еден литар јогурт и мајонез, па убаво промешајте за да се соедини смесата. Затоа е најдобро да користите големо длабоко тенџере или соодветен сад. Оставете во фрижидер до следниот ден. Тестенините ќе го впијат јогуртот, па доколку ви се чини дека станало суво, додајте уште 500 мл јогурт или по потреба.




Салатата сервирајте ја во соодветни чинии, а одозгора по желба наросете рендан кашкавал. Од оваа смеса мене ми излегоа четири мали чинии и една поголема. Послужете ја добро изладена и декорирана со рендан кашкавал и цветчиња од сечкана шунка. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.