„Цел живот патам од проблеми со синусите, поточно од 14 годишна возраст, па сè до пред две години кога го открив овој лек, што значи вкупно 47 години. Единствено ова ми помогна, а имав испробано што ти не..“, вели читателка, Ана Стиќ.

„Постојано од носот ми течеше некоја водичка, нон стоп бев со марамчиња, се бришев и го криев иритираниот, црвен нос. Навечер не можев да спијам, зашто тоа ми се цедеше низ грло и почнував да се гушам од кашлање.

Еднаш, во текот на коpоната влегов во автобус со маска и одеднаш почнав силно да кашлам. Поради тоа со псовки ме избркаа надвор. За среќа со мене се симна и една постара госпоѓа која ме праша што ми е.

Јас и раскажав од „а“ до „ш“, ама баш сè и кажав. Ми го даде рецептот и еве, оттогаш сум добро. А рецептот е многу едноставен, само на почетокот треба упорност. А кој си има мака, сè ќе направи само да се спаси од проблемот.

На почетокот го правев неколкупати на ден, па сè помалку и помалку, па дојдов до двапати на ден, наутро и навечер, а сега го правам кога ќе ми текне, еднаш месечно, чисто колку да го дезинфицирам носот.

Дишам на нос и веќе не сум мрсулава и немам црвен нос. И што е најважно, не кашлам. мене многу ми помогна, па можеби некому кој има сличен проблем, исто така ќе му помогне. Рецептот е многу едноставен:

Но ноздрвите ставете сода бикарбона со прст или стапчиња за уши, прво натопете ги во вода па обложете ги со содата за да ја подбутнете. Потоа вдишете длабоко низ нос. Наполнете ја раката со вода, па влечете низ носот за да се прочистат каналите.

На почетокот кога сте затнати ова правете го почесто во текот на денот, а после само наутро и навечер, а потоа по потреба, колку за дезинфекција“, раскажа Ана Стиќ.

НАПОМЕНА: Гореопишаното е лично искуство, а пред примена секој треба да се советува со својот лекар.