ОВА Е НАЈУБАВИОТ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА: Филот се топи во уста, а готов е додека трепнете…Ова е една од најпознатите колачи со јаболка, а се подготвува за речиси секоја пригода. Многу лесно се прави, а доколку сакате овошни колачи, ви предлагаме да го пробате овој рецепт.

Меката кора се покрива со најубавиот фил со јаболка и пудинг од ванила, а потоа филот за чизкејк како шлаг на тортата. Оваа торта со јаболка гарантирано ќе ви се допадне уште на првиот залак. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
3 јајца
90 г шеќер
1 прстофат сол
130 г брашно
1 лажичка прашок за печиво

За пудинг од јаболка:
3 јаболка
850 мл сок од јаболко
45 г шеќер
2 кесички пудинг од ванила (80 г)

За фил:
400 мл слатка павлака
600 г крем сирење
60 г шеќер

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата со шеќер и прстофат сол додека са станат пенливи и густи, а потоа додајте го просеаното брашно со прашокот за печиво.

Соединете мешајќи бавно со жица за да остане пенливо, па истурете во сад (28х18 см) обложен со хартија за печење.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 25 минути. Изладете ја кората, па извадете ја хартијата за печење.

Отсечете го горниот тенок слој од бисквитот и измелете го за да добиете трошки за декорација на колачот.

Јаболката излупете ги и исечкајте ги, па додајте 750 мл сок и шеќер. Варете додека смесата да почне да врие, па додајте го пудингот што сте го измешале со 100 мл сок. Гответе уште 2-3 минути со постојано мешање.

Кората прелијте ја со филот со јаболка и израмнете. Оставете да се олади, па пригответе го филот од крем сирење.

Едноставно изматете ја слатката павлака со крем сирење и шеќер додека да добиете фин крем.

Израмнете и посипете со трошките од отсечениот бисквит. Постапката погледнете ја ОВДЕ.