Home Десерти ОВА Е ХИТ КОЛАЧ ВО ГЕРМАНИЈА: 2 јаболка, 3 јајца и брашно,...

ОВА Е ХИТ КОЛАЧ ВО ГЕРМАНИЈА: 2 јаболка, 3 јајца и брашно, измати и испечи…сите го прават! Брз и многу вкусен десерт за секој ден…

ОВА Е ХИТ КОЛАЧ ВО ГЕРМАНИЈА: 2 јаболка, 3 јајца и брашно, измати и испечи…сите го прават! Брз и многу вкусен десерт за секој ден…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (калап 27х18 см):

2 јаболка
60 г путер
90 г шеќер
3 јајца
120 г шеќер
300 г брашно
15 г прашок за печиво
200 мл млеко

ПОСТАПКА:

Путерот и шеќерот растопете ги на умерена темепартура, па додајте ги ситно сечканите јаболка (на тенки плочки). Пржете ги 10 минути на умерено средна температура со повремено промешување.

<

Јајцата изматете ги со шеќерот, па додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и сето изедначете го со млекото. треба да добиете мазно, хомогено, полутечно тесто.

Додајте ги испржените и оладени јаболка, па промешајте.

Смесата сипете ја во плех со флексибилен обрач намастен со путер. Распоредете и израмнете.

Печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

Оставете да подизлади, па отстранете го обрачот и хартијата, а по желба, одозгора наросете шеќер во прав и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.