Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

Ова е стар рецепт, јас го знам 31 година, го памтам, никогаш не сум го заборавила, често го правам, се’ уште е омилен.

Во сеќавање на една прекрасна жена!

РЕЦЕПТ:

Изматете:

5 јајца и

5 лажици шеќер

Додадете:

1 шолја од 200 мл мелени ореви

½ шолја масло

1 ванилин шеќер

1 лимон – рендана кора

Додадете во претходно промешаното:

4 лажици брашно

4 лажици презла (лебни трошки)

1 прашок за печиво

Сето изматете го и испечете го во тепсија со димензии отприлика 36х20 см.

Готовиот колач прелијте го приготвениот шербет (околу 800 г шеќер и 600 мл вода).

Јас сакам малку да биде посилен шербетот, но по желба можете да ја намалите количината на шеќерот.

Штом колачот ќе го прими сирупот, наросете одозгора со мелени ореви.

Кога целосно ќе излади, сечете и послужете.

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ