Фотографија и рецепт на Љиљана Марјановиќ. Потребни состојки: 1 маргарин од 250 г или путер, 10 лажици шеќер, 3 јајца, 100 г чоколадо, 300 г кршени бисквити, 200 г желе бонбони, 100 г суво грозје, 100 г брусница, 100 г крупно сечкани ореви, 100 г смокви и 2 листа обланди

Постапка: Листовите обланда обвиткајте ги во влажни крпи за да омекнат. Путерот со 10 лажици шеќер, 3 јајца и 100 г чоколадо ставете ги на тивок оган и со постојано мешање растопете ги. Кога смесата ќе се изедначи, засилете го огнот да стане врело, но никако да не зоврие.

Тргнете од оган и додадете 300 г кршени бисквити, 200 г сечкани желе бонбони, 100 г суво грозје, 100 г брусница, 100 г крупно сечкани ореви и 100 г суви смокви. Изедначете да биде смесата компактна. Половина истурете врз едниот лист обланда, а половина врз другиот.

Премачкајте убаво и рамномерно, па свиткајте во ролат. Наместо чоколадо може и какао, а изборот на суво овошје може да го менувате по ваша желба. Изладете да се стегне па сечете и послужете.

Фотографија и рецепт на Љиљана Марјановиќ