ОХРИДСКА САЛАТА…Нешто највкусно што ќе пробате оваа сезона. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г ситно сирење или урда
125 г путер
200 г шунка, исечена на коцкички
150 г кисели краставички, исечени на коцкички
3 чешниња лук, ситно сечкани
1 лажица сенф
1 лажица масло
30 г кашкавал, рендан за посипување одозгора

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад со миксер соединете ги сирењето и путерот омекнат на собна температура.

2.Додајте ги сечканите кисели краставички, шунката, лукчето, сенфот и лажица масло. Сето убаво измешајте го со лажица.

3.Салатата ставете ја во соодветна чинија и одозгора посипете рендан кашкавал. Пред послужување салатата добро оладете ја. Постапката бпогледнете ја ОВДЕ.