Постојат колачи кои се многу се вкусни, а постојат и колачи од кои едноставно не можете да се заcитите и барате уште едно парче. Овој е таков, сочен, вкусен, мирисен и чоколаден кој се приготвува многу брзо и многу едноставно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за плех 20х30 см): 3 јајца, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 200 мл млеко, 200 мл масло, 15 супени лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 2 супени лажици какао во прав, малку путер за намастување на плехот.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА СИРУП (ладен колач се прелива со врел крем): 400 мл вода, 2 супени лажици какао, 4 супени лажици шеќер. И УШТЕ: ореви по потреба за декорација, 200 мл слатка павлака и 150 г темно чоколадо

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете три јајца, додајте 150 г шеќер и една кесичка ванилин шеќер (10 г), па пенасто изматете со миксер околу 5 минути, додека шеќерот да се растопи, а јајцата да се згуснат и да се добие светла кремаста смеса.

Додека непрекинато матите додајте една чаша масло за готвење (200 мл) и една чаша млеко (200 мл) и матете со миксерот уште минута-две додека да се изедначат состојките. Потоа во смесата додајте просеана мешавина од суви состојки: 15 супени лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г) и 2 супени лажици какао во прав.

Повеќе миксерот не ви е потребен, а состојките промешајте ги со жица-маталка или лажица-шпатула. Мешајте додека смесата да се изедначи и стане хомогена без грутчиња.

Потоа калапот во кој ќе го печете колачот намастете го убаво со путер или маргарин на дното и страните. Одберете некој со средна величина, 20х30 см.

Распоредете ја смесата, израмнете и малку протресете го садот, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. Оставете го настрана убаво да се олади, а потоа со дрвено тенко стапче за ражнич густо избоцкајте го за полесно да го впие преливот.

ЗА ПРЕЛИВ: Во помало тенџере на оган ставете 400 мл вода, 2 супени лажици какао во прав и 4 супени лажици шеќер.

Изматете со жица маталка додека убаво се растопи какаото, без грутчиња, па од моментот на зовривање оставете да се готви 1 минута со непрекинато мешање.

Изладениот колач прелијте го врелиот сируп, па оставете го настрана додека да се олади и да ја впие течноста. Потоа одозгора наросете малку сечкани ореви или лешници по желба и пригответе ја глазурата.

ЗА ГЛАЗУРА: На тивок оган загрејте ја слатката павлака и додајте 150 г некое вкусно чоколадо искршено на коцки.

Внимавајте да не ви зоврие, зошто ќе го промени вкусот и нема да биде толку вкусна. промешајте додека чоколадото да се растопи и изедначи, па прелијте го колачот. Оставете да се олади еден час, па сечете и послужете.