Денес ќе ви откриеме еден стар метод кој постарите полјоделци сигурно го знаат, а особено ќе им се допадне на почетниците кои претходно немале искуство со природно ѓубрење на почвата. Се приготвува раствор од две состојки, од кои една е копривата.

Веројатно на сите ви е добро познато дека копривата е одлична за здравјето, што дури и лекарите го препорачуваат чајот за подобрување на здравјето и јакнење на имунолошкиот систем. Копривата е позната по своите лековити својства за организмот, но исто така е одлична и за здравјето на другите билки.

Од копривата може да се направи домашно, природно (органско) ѓубриво кое ќе биде хранливо за билката и ќе го осигура нејзиниот раст и буен развој, но исто така ќе ја заштити и од различни штет-ници, бидејќи исто така, растворот од коприва важи и за природен инсектоцид.

Ова природно ѓубриво ќе ги зајакне билките кои ќе бидат поздрави и помалку ќе бидат подложни од на-пади на пато-гени и штет-ни инсекти и габички кои се честа причина за болест и уги-нување на билките. Голем број билки во градината и бавчата одлично реагираат на ѓубрењето со коприва, а најмногу доматите.

Секако, треба да се напомене дека постојат билки кои не реагираат така добро на копривата, а станува збор за кромидот, лукот, грашокот и гравот.

ПРИРОДНО ЃУБРИВО ОД КОПРИВА

Растворот се приготвува на следниот начин: наберете поголема количина коприва (надземен дел, стебло и листови), во зависност од количината што ви е потребна. Значи, потребно е да потопите 1 килограм коприва без корен во 10 литри вода. Ставете потисок зошто билката ќе исплива на површината.

Ова е најдобро да го правите во некое старо буре кое не ви треба за идна употреба. Бурето со копривата оставете го некаде под сенка, на температура од приближно 18 степени, да отстои 15 дена. Не го затворајте бурето, а секој ден промешувајте го со некој дрвен стап.

Со текот на времето ќе започне силно да мириса, бидејќи ќе започне да ферментира и да гние, а течноста постепено ќе почне да ја менува бојата и густината. После 15 дена процедете ја течноста. Ова е силна концентрација, па затоа имајте во предвид дека пред употреба мора да се раствора.

Пред употреба растворот се разредува со вода во однос 1:10 доколку билките ги наводнувате преку почва, коренест систем. Меѓутоа, доколку растворот го користите за билки под фолија, тогаш се разблажува уште повеќе, односно се раствора со вода во однос 1:30.

ДОМАТИ

Освен со коприва, доматите можете да ги прихранувате и со други природни ѓубрива за да дадат добра реколта. За добра реколта доматите имаат потреба од азот, фосфор и калиум. Но има и некои наполно природни ѓубрива кои можат да ги прихранат доматите без хемикалии.

ВОДА СО ПЕПЕЛ. Растворете 500 г пепел со 5 литри врела вода. Оставете да се наталожи и да се олади, истурете ја таа вода, па налијте нови 5 литри вода. Исто така, во почвата можете да наросувате сода бикарбона и лушпите од банани наместо да ги фрлате во ѓубре, да ги закопувате како храна за доматите.

СОБНИ ЦВЕЌИЊА

Тајната за богата собна градина е едноставна: за да цветаат билките уште поубаво и побујно, треба добро да се прихрануваат. Како правилно се приготвува раствор за прихранување на билките:

Практично, сите билки го сакаат шеќерот (а на кактусите тоа им е омилениот десерт). Може пред залевање, земјата во саксијата да се пороси со една кафена лажичка шеќер, или да се налие цвеќето со слатка водичка (1 кафена лажичка на 1 чаша вода). Фикусите можете еднаш месечно да ги залевате со засладена водичка.

На еден литар вода се додава 1 кафена лажичка шеќер. Листовите на фикусот може да се пребришуваат со млеко. Тоа ќе придонесе за сјај и убавина на билката. Инаку, млекото е многу корисно за билките. Некои домаќинки ин-јек-тираат со шприц млеко, директно во стеблото на билката.

Одличен ефект на билките дава прихранување со рицинусово масло. Во еден литар вода која отстојала неколку денови, треба да се додаде 1 кафена лажичка рицинусово масло. Шишето добро затворете го и промешајте. Рицинусовото мало треба да се раствори и добро соедини со водата, за да не ги из-гори корењата на билката.

Веднаш после протресувањето, додека не се подигнало маслото и сè уште е поделено на минијатурни капки, залејте го цвеќето, но не директно во коренот. Ако билката цвета еднаш годишно, доволна е една ваква прихрана. Ако билката постојано цвета, потребно е да се прихранува еднаш месечно.

Постои еден чу-до-раствор за најбез-надежните цвеќиња: сè што е потребно за овој раствор, се вода и лушпи од јајца. Лушпите од јајце прелијте ги со вода и оставете ги 5-7 дена на собна температура. Одвреме-навреме промешајте. Потоа, со овој раствор полевајте го цвеќето.

Имунитетот на собните билки одлично го зголемува прскање со раствор на аспирин (андол): едно апче од 300 мг треба да се раствори во 1 литар вода. Потоа билките испрскајте ги со распрскувач.

Билките можете да ги полевате со следниот раствор: земете кора од калинка или некој цитрус и прелијте ја со вода. Оставете да преноќи и тоа е сè. Хранливиот раствор за полевање на билките е подготвен.

Ако сте забележале дека вашите билки започнале да венеат од необјасниви причини – тешко воочливи со голо око ште-точини, користете го следниот трик со чкор-чиња: едноставно, забо-дете ги главичките во земја, на оддалеченост од 5 см од крајот на саксијата, па полевајте го цвеќето.

После 2 дена, заменете ги чкор-чињата со нови, а после два дена мушичките ќе исчезнат. Отсега не мора да ги полевате собните билки со инсек-тициди. Фосфорот и сулфурот кој се содржат во составот на смесата од чкорчињата, продираат во почвата и ја ослободуваат од штетниците.

За да спречите појава на габични заболувања, користете бакарни парички. Ставете неколку парички во земјата околу билките и бакарот ќе ги елими-нира сите спори на габите.