Печен колач со пудинг од ванила – не чекајте ни минута, веднаш направете го

Дали сте го приготвувале овој колач? Не чекајте ни минута, сите состојки кои ви се потребно веќе ги имате во вашата кујна. Не смеете да го пропуштите, а рецептот споделете го со вашите пријатели. Печен колач со пудинг од ванила, во презентација на Ивана од „Шерпица“.

Потребни состојки: 4 јајца, 8 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 15 лажици млеко, 10 лажици масло, 15 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г). И уште: 700 мл млеко, 2 пудинзи од ванила, 5 лажици шеќер. По желба може ситен шеќер  за наросување, некое овошје, шлаг…

Постапка: пред да започнете да го приготвувате овој колач, вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Подгответе калап или плех со димензии 35х20 см: намастете го со малку масло и наросете го со брашно, а вишокот истресете го.

додајте шеќер и продолжете со матење

Во подлабок сад скршете четири јајца претходно оставени на собна температура и пенасто изматете ги со електричен миксер. Откако ќе запенат, во јајцата додајте осум лажици кристал шеќер и две кесички ванилин шеќер. Продолжете да матите со миксерот додека шеќерот да се растопи.

Смесата ќе осветли, ќе згусне и ќе стане кремаста, за што е доволно околу 2 минути матење.
Потоа додајте 15 лажици млеко и 10 лажици масло за готвење
додајте и 15 лажици брашно и една кесичка прашок за печиво (10 г)

Смесата ќе осветли, ќе згусне и ќе стане кремаста, за што е доволно околу 2 минути матење. Потоа додајте 15 лажици млеко, 10 лажици масло за готвење, 15 лажици брашно и една кесичка прашок за печиво (10 г).

Изматете со миксерот најпрво со послаба брзина, а потоа и со појака додека да се разбијат сите грутчиња и смесата да стане хомогена и мазна
Половина од тестото за пандишпан излејте го претходно подготвениот плех и рамномерно распоредете го.  Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 10 минути.

Изматете со миксерот најпрво со послаба брзина, а потоа и со појака додека да се разбијат сите грутчиња и смесата да стане хомогена и мазна. Половина од тестото за пандишпан излејте го претходно подготвениот плех и рамномерно распоредете го.  Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 10 минути.

во 200 мл млеко додајте 80 г пудинг и 5 лажици шеќер. Соединете
500 мл млеко ставете на оган да зоврие
додајте го разматениот пудинг

Половина литар млеко ставете во тенџере, а 200 мл млеко во посебен сад каде ќе додадете 80 г пудинг (две кесички) и 5 лажици шеќер. Добро разматете да нема грутчиња, па кога млекото во тенџерето ќе зоврие, намалете ја температурата и додајте го разматениот пудинг со постојано мешање.

мешајте постојано на намалена температура
варете го пудингот додека да згусне
после 10 минути печење проверете дали се формирала коричка

Мешајте без прекин додека пудингот да се свари и згусне. После 10 минути печење на пандишпанот, осносно кога сте сигурни дека е фатена кора (проверете внимателно со дланка), лажица по лажица распоредете го врелиот пудинг врз врелата кора и убаво израмнете.

распоредете го пудингот врз кората
израмнете
прелијте ја втората половина од тестото

Врз пудингот излејте ја втората половина од тестото, и исто така израмнете. Беколку пати потчукнете го плегот за убаво да се израмни смесата и да излезат евентуалните воздушни меурчиња. Вратете да се допече во загреаната рерна уште околу половина час.

израмнете и вратете да се допече уште половина час
извадете да се олади, а потоа наросете шеќер одозгора

Печениот колач извадете го рерна и оставете го малку да излади, па одозгора наросете го со ситен кристал шеќер. Можете да го послужите, а колачот е толку многу нежен, што ќе ве воодушеви со својот вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаНајубавите палачинки што постојат во светот: сè по 4
Следна статијаОд овој домашен раствор билките растат двојно побујно и побрзо, потребни ви се две состојки