НОВОГОДИШНИ ТОПЧИЊА: Чоколадо и кокос, совршенство без печење од само 4 состојки! Многу вкусни залчиња кои многу брзо ги снемува од трпезата штом се послужат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

550 г (2 чаши) крем од лешник (нутела, еурокрем..)
90 г (3/5 чаша) кокосово брашно фино сомелено
170 г (2/3 чаша) мед
320 г (2 чаши) чоколадо
снегулки од сол, или кокос или нешто по ваш избор за декорација

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад просејте го кокосовото брашно убаво измешајте го заедно со лешниковиот крем и медот. Мешајте со лажица или виљушка додека смесата да стане компактна.

Со помош на лажица црпете од смесата и со дланките обликувате топчиња со големина на помал орев.

Топчињата редете ги на рамна површина (даска или послужавник) обложена со хартија или кеса. Оставете ги во фрижидер да се стегнат половина час.

Потоа растопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа, па секое топче потопувајте го во чоколадото и со помош на две виљушки отцедете го и повторно ставете го на рамна површина обложена со хартија.

Одозгора посипете ги снегулки од снег или нешто по ваш вкус за декорација и оставете ги повторно половина час во фрижидер да се стегнат пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.