Бројни истражувања ја докажаа исклучителната моќ на витаминот Ц – антиоксиданс кој многу му помага на човековиот организам.
Познат е по своите антибиотски, антивирусни, антигабични и антиалергиски својства, а особено е делотворен во липосомален облик.
Липосомалниот витамин Ц последниве години стана водечки облик на витамин Ц бидејќи овозможува негова голема апсорпција.
ЗОШТО ТОКМУ ЛОПОСОМАЛЕН ОБЛИК НА ВИТАМИН Ц?
Витаминот Ц е растворлив во вода па тешко поминува низ клеточните мембрани кои се состојат од масни киселини.
Поради тоа, во организмот се апсорбира во многу мали количини, додека остатокот се исфрла неискористен.
При консумирање преку овошје и зеленчук, витаминот Ц се апсорбира само 20%, додека дури 80% остануваат неискористени.
ШТО СЕ ЛИПОЗОМИ?
Тоа се мали честички составени од фосфолипиди кои имаат одлична способност за инкорпорирање на нутриенти во соматските клетки.
Липосомалниот витамин Ц во облик на натриев аскорбат е заштитен со фосфолипидна мембрана.
Оваа мембрана делува како клеточната мембрана, па затоа многу полесно минува низ клеточниот ѕид за разлика од обичниот витамин Ц.
На тој начин неговиот процент на апсорпција е повеќепати поголема од процентот на витамин Ц во прав или капсула.
Апсорпцијата на липосомалниот витамин Ц изнесува околу 90%, па после негова консумација клетките буквално се „бањаат“ во овој витамин!
Липосомалниот витамин Ц како најискористлив облик на витамин Ц има бројни предности за здравјето:
-го успорува стареењето и пропаѓањето на клетките
-ги намалува брчките и го подобрува изгледот на кожата
-го штити здравјето на срцето и крвните садови
-го забрзува зараснувањето на раните
-ги намалува симптомите од алергија и астма
-ја подобрува работата на мозокот
-спречува појава на болести на очите
-штити од грип и настинки
-го чисти организмот
-дава енергија
-го јакне имунитетот
-заштитува од рак