НЕЖЕН ЈОГУРТЕН КОЛАЧ…Изберете овошје по вкус, готов е за 15 минути…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

80 г шеќер
1 јајце
8 г ванилин шеќер
1 прстофат сол
125 г цврст јогурт или кисела павлака
60 мл млеко
60 мл масло
150 г просеано брашно
8 г прашок за печиво
малина (или кое било друго овошје по желба) и
шеќер во прав за посипување.

За пудинг од портокал:

2 лажици пченкарен скроб
2 лажици шеќер
100 мл млеко
100 мл сок од портокал
1 жолчка од јајце
8 г ванилин шеќер и
1 лажичка путер

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте 80 г шеќер, 1 јајце, 8 г ванилин шеќер и прстофат сол. Потоа додајте 125 г јогурт, 60 мл млеко и 60 мл масло и сето добро изедначете го.

2.Постепено додајте го брашното помешано со прашок за печиво и мешајте додека да добиете мазно тесто без грутчиња. Тргнете го настрана додека го подготвите кремот.

3.Во тенџере измешајте 2 лажици пченкарен скроб и шеќер со 100 мл млеко, 100 мл сок од портокал и 1 жолчка. Смесата ставете да се вари на тивок оган околу 5 минути со непрекинато мешање додека да згусне.

4.Во врелиот пудинг додадете 8 грама ванилин шеќер и 1 лажичка путер и убаво измешајте.

5.Тестото истурете го во набрашнет калап со димензии 21х17см.

6.Со лажица црпете од пудингот, распоредувајте врз тестото, а потоа посипете овошје (во овој случај малини).

7.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 до 35 минути. По печењето оставете малку да подизлади, па посипете го колачот со шеќер во прав.

Совет: наместо малини, можете да користите било кое друго овошје, како што се јагоди, боровинки, праски или кајсии.

Наместо сок од портокал можете да користите и некој друг овошен сок. Тортата можете да ја декорирате и со шлаг, павлака или свежо нане. Постапката погледнете ја ОВДЕ.