Home ТЕСТО Не знаев дека ова лепче со маслинки е толку повкусно од пица…Многу...

Не знаев дека ова лепче со маслинки е толку повкусно од пица…Многу едноставно и лесно, печам по неколку одеднаш…

Пита-погача со маслинки и билен путер

Оваа мека и ароматична пита-погача со маслинки и богат вкус на билен путер е совршен избор за секоја пригода – од семејни собири до празнични трпези.

Нејзината крцкава кора и воздушесто тесто, надополнети со мирисот на свежи билки, ќе ги воодушеват сите љубители на домашно подготвена храна.

Следете го овој едноставен рецепт и уживајте во магијата на домашното печење, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тестото:
– 100 мл топла вода
– 100 мл топло млеко
– 1 лажичка шеќер
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка сув квасец
– 2 лажици сончогледово масло
– 350 г брашно
– 1 лажица путер
– НМД

За билниот путер и фил:
– 50 г путер
– 1 лажица ситно сечкан магдонос
– 1 чешне лук
– ½ лажичка сол
– 50 г црни маслинки (без семки, ситно сечкани)
– 50 г рендан кашкавал или сирење (по желба)

ПОСТАПКА:

1. Подготовка на тестото: Во длабок сад, измешајте 100 мл топла вода, 1 лажичка шеќер и 1 лажичка сув квасец. Оставете ја смесата да отстои 5-10 минути додека квасецот се активира и се создаде пена на површината.

2. Месење на тестото: Во садот со активираниот квасец, додајте 100 мл топло млеко, 1 лажичка сол, 2 лажици сончогледово масло и 350 г брашно.

Месете додека да добиете меко и еластично тесто. На крајот, додајте 1 лажица путер и продолжете со месење уште 2-3 минути за да се соедини путерот со тестото.

3. Прво квасење: Покријте го тестото со чиста крпа и оставете го да нарасне на топло место околу 45 минути или додека го удвои волуменот.

4. Обликување: Откако тестото ќе нарасне, премесете го кратко на набрашнета површина и обликувајте го во топка и со оклагија развлечете кора.

Префрлете во плех обложен со хартија за печење. Покријте го повторно тестото и оставете го да нарасне уште 20 минути.

5. Подготовка на билниот путер: Во мал сад, измешајте 50 г омекнат путер, 1 лажица ситно сечкан магдонос, 1 ситно сечкано чешне лук и ½ лажичка сол.

6. Нанесување на билниот путер: Со прстите или со лажичка или со задниот дел на пластичен калап за коцки мраз, направете мали вдлабнатини на површината на нараснатото тесто.

Намачкајте ја смесата со билен путер рамномерно преку целата погача, а вдлабнатините пополнете ги со рендан кашкавал и маслинки.

7. Печење: Загрејте ја рерната на 180°C. Печете ја погачата 20 минути или додека да добие златно-кафеава боја и крцкава кора.

8. Сервирање: Оставете ја погачата кратко да се излади пред сечење. Послужете ја топла за да ги почувствувате сите ароми на билките и маслинките.

Уживајте во овој прекрасен домашен специјалитет и споделете го со вашите најблиски! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: