Либанскиот традиционален сос по текстура наликува на мајонез и обично се подготвува од едноставни и евтини состојки како лук, сок од лимон, масло и сол. Во Либан обично се служи со голем број јадења, традиционално со помфрит и секое јадење со пилешко. Вкусот е фантастичен и одлично оди со сите јадења, па затоа ви предлагаме да го користите за секако вид печење, зеленчук на скара или како прелив за тестенини.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 30 чешниња лук, 1 лажица сол, 2-3 лажици сок од лимон, 3 шолји (за кафе) масло. ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): 3 лажици брашно, 3 лажици масло, сол, црн пипер, вегета, 2-3 чешниња лук или 3 супени лажици гранулиран лук, малку магдонос (по избор), 250 г маринирани печурки, вода, оригано (по избор), 1 лажичка кари во прав.




ПОСТАПКА (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 200 г свежо кравјо сирење, 100 мл павлака, 100 мл јогурт, 3 парчиња млад кромид (може да се користи и обичен кромид), 1 чешне лук (може и повеќе), сол и црн пипер по желба.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Сѐ што ви е потребно за овој рецепт освен наведените состојки погоре е блендер и една мала тегличка за да го складирате сосот. Во блендер ставете ги излупените чешнињата лук и посолете. Нема потреба претходно да ги сечкате на помали делови бидејќи и така се мали.




Изблендирајте на најјаката опција на блендерот додека сите чешниња да се иситнат, а потоа намалете ја брзината на блендерот, па постепено додавајте го маслото и сокот од лимон и блендирајте додека да добиете емулзија слична на мајонез. Како што може да видите, тоумот се подготвува многу слично на мајонезот.




Важно е да го додавате маслото и лимонот на неколку наврати, а за да ви биде поедноставно, може да го поделите на 3. Додајте 1 шолја масло, па малку лимонов сок, па потоа втората шолја масло и така до крајот. Треба да добиете мазна смеса без крупни парчиња од лукот.




Овој сос има многу јак вкус и затоа се става по малку, но убаво е тоа што одговара буквално на секое јадење. Сосот може да се чува во фрижидер до неколку месеци. Има појак вкус од макалото. Деталите може да ги погледнете ОВДЕ.

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Прекрасен сос, може да се сервира за време на посните денови, може да се послужи со макарони, месо, риба. Толку ни се допадна што го правев 3 дена по ред. Шампињоните можете да ги изоставите доколку не ви се допаѓаат, а одлично е ако на нив се додаде и рендана кисела краставичка.

ВТОР РЕЦЕПТ




Во длабока тава ставете го маслото и додајте брашно, пропржете го на тивко, па прелијте со ладна вода (не напишав точна количина на вода бидејќи јас ја додавав постепено, можете да ја одредите густината по желба). Оставете да зоврие на многу ниска температура.




Зачинете по желба, додајте ситно сечкан лук или 3 полни лажици гранулиран лук и ситно сечканите печурки, како и кари, мешајте да не загори, па гответе уште неколку минути до посакуваната густина. Имајте на ум дека по ладењето, сосот дополнително ќе згусне.




Ако користите маринирани печурки, само исечкајте ги и додајте ги, а ако користите свежи, ви препорачувам да ги пропржите посебно со малку лукче и да ги додадете во готовиот сос. На крајот кога ќе го тргнете тавчето од рингла додајте ситно сечкан магдонос (не е задолжително).

TРЕТ РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Има толку многу варијанти на бел сос, па јас си измислив своја верзија. Најпрво изблендирајте ги лукот и кромидот во блендер. Додајте свежо сирење, павлака и јогурт, измешајте сè, посолете и изблендирајте по желба, додека да се добие посакуваната густина. Складирајте го сосот во помала тегличка и оставете го во фрижидер до сервирање. Послужете со тортиљи, помфрит, месо, што сакате. / Сoolinarka.сom