Ако сте обожувач на чоколадо, карамела и кикирики тогаш сигурно го сакате Сникерсот.
Домашниот сникерс е рецепт кој нема да ве разочара, ниту по вкусот, ниту по количината.
Потребни состојки:
300 г шеќер
250 мл вода
250 г путер/маргарин
100 г чоколадо
400 г кршени бисквити
300 г сечкани печени кикирики
2 лажици мед
За карамел:
1 кеса карамел бонбони
60 мл слатка павлака
За глазура:
150 г чоколадо
4 лажици масло
20 г путер/маргарин
Постапка:
Ставете на оган да зоврие водата со шеќер, па додадете путер и чоколадо.
Тргнете од оган па додадете 400 г кршени бисквити и 300 г ситно сечкани кикирики, претходно печени.
Топлата смеса израмнете ја во тепсија, премачкајте со мед, па ставете глазура.
Потоа на пареа (или во микробранова печка) растопете карамел бонбони со малку слатка павлака.
Карамел слојот ставете го преку нугат слојот кога малку ќе излади. Повторно сè ставете на ладење.
За глазура: на тивок оган истопете 150 г чоколадо, 4 лажици масло и 20 г путер.
Со оваа глазура прелијте го колачот.