НАПРАВЕТЕ КАФЕАНСКА ЗЕЛКА САЛАТА: Ќе има вкус како да сте отишле во ресторан (рецепт)

Војнички грав, свадбарска зелка, ловечки гулаш… се само некои од специјалитетите кои посебниот вкус им го дава големата количина на намирниците кои се користат за нивно приготвување, меѓутоа и начинот на подготовка. Без разлика дали приготвувате голема количина или помала, важни се некои ситници кои всушност го дефинираат конкретното јадење.




Истиот принцип важи и за кафеанската салата од зелка која секогаш е некако поубава, послатка, помека и посочна од онаа што ја приготвуваме дома. Тајната за добра салата од зелка можеби само во еден дел се состои во количината, меѓутоа повеќе се крие во фактот дека откога ќе се исечка во кафеанската кујна, таму се остава доста подолго да отстои, отколку што ние ја оставаме дома, кога ја приготвуваме за ручек, пишува НМД.мк




Имено, кујнските готвачи во кафеаната ја сечкаат многу порано зелката, а понекогаш и зачинуваат поголема количина. Тоа му дава време на зеленчукот да омекне и да ја испушти водата под влијание на солта и оцетот, па на тој начин резултира со cyпep вкусна сочна салата која во себе ги има примено сите зачини.




Во неколку чекори лесно ќе го постигнете истиот вкус и во домашни услови. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Зелка, сол, шеќер, јаболкова киселина, малку црн пипер и по вкус кој сака, но не мора, може во салатата да додаде и сосем малку ситно сечкано лукче.




ПОСТАПКА: Исечкајте ја зелката колку што можете потенко (или изрендајте ја), па посолете ја со вкус и лесно истуткајте ја низ раце. На врв од ножот додајте шеќер, па промешајте со лажица и виљушка, па, доколку е можно, оставете ја салатата да одмори 10-тина минути. џза тоа време ќе омекне.




Во рестораните и кафеаните пред послужување салатата малку ја исцедуваат од вишокот испуштена течност, а вие како сакате. на крај прелијте ја со јаболкова киселина и маслиново масло по вкус, а по желба малку запиперете и додајте четвртинче ситно сечкано чешне лук.




За декорација можете да додадете и малку сечкан магдонос и краставички. Еве еден совет: младата, зелена зелка треба помалку да се cтиcка со раце и пократко да се остава да отстои, а белата есенска зелка треба нешто повеќе да се cтиcка и да се остави подолго да отстои. А еве како ја приготвуваат зелка салатата во една наша македонска кафеана:




„Здраво, јас сум Верица, а рецептот што ќе ви го откријам го добив од моја пријателка која е професионален готвач и е сопственичка на еден многу добар ресторан. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 поголема главица зелка, 1 чаша вода, 1 чаша масло, 1/2 чаша оцет, 1 рендана краставица, 2 лажици сол.




ПОСТАПКА: Зелката ситно се сече, што потенко, па се става во некој навистина голем сад каде што ќе може убаво да се промеша. Потоа му се додаваат сите наведени состојки, се промешува и се остава да отстои 10-тина минути. Потоа со рацете се cтиcка и се цеди, па се сервира во чинии.“




Претходна статијаОВА Е НАЈЗДРАВИОТ ПРИРОДЕН НАПИТОК: Збогум за лошиот холестерол и затнатите артерии
Следна статијаКРИНГЕЛ: Плетенки со сирење, јајца и спанаќ, меки како душа, вкусни и лесни за јадење