Градинарското езерце освен што е естетски атрактивно, ќе привлече и бројни организми кои се важни за одржување на природната рамнотеѓа и биодиверзитетот.

Да се има езерце во дворот значи да се збогати околината со глетка и звукот на природата, а околу него ќе се собира жив свет привлечен од убавиот мирис и убавината на засадените билки.

Првата работа што треба да се направи е пронаоѓање на соодветна локација. Експертите сугерираат да ја одберете онаа која е осветлена од сонцето во претпладневните часови. Послепладневната сенка ќе спречи претерано загревање на водата и буење на алгите.

Ако во своето езерце сакате да чувате и риби, тогаш не се препорачуваат места под дрва или во нивна близина, бидејќи отпаднатите листови го одземаат кислородот од водата.

Истовремено, близината на дрвото значи и проблем со неговите корења и жили.

Обликот на езерцето е индивидуална одлука, а при ископот потребно е да се прават каскади –така што езерцето да има различни длабочини.

Оној најдлабокиот дел не би требало да биде поплиток од 1 метар. Ископаната јама треба да се исчисти ид евентуални корења и други непотребни предмети и сето да се натапка со песок. Добро ќе дојде и подлога од јутани вреќи, бидејќи така дополнително се изолира.

На вака приготвената подлога се става непропусна голија – геотекстил која мора да биде во едно парче. Фолијата зацврстете ја со камења или стари цигли. Ако на некој дел од фолијата се прават набори, не е важно.

Фолијата секогаш мора да биде поголема во однос на езерцето. Добро е да се знае дека фолијата најлесно и наједноставно се поставува во текот на опли и сончеви денови, бидејќи тогаш поубаво се мести за тлото.

Најубавиот дел од работата е поставување на земја и камења, како и садењето на билки. Добро е да се измеша градинарската земја со малку поквалитетен супстрат за цвеќе.

Коренот на цвеќињата кои ќе се засадуваат покрај езерцето е добро да се обвиткаат со јута или во лончиња, за да не се расејува земјата по водата. Треба да се одберат и онакви растенија и цвеќиња кои сакаат повеќе вода (за оние што ќе се садат во езерцето), и такви кои сакаат нешто помалку и ќе се садат покрај езерцето.

Отстојана вода и дождовница

За езерска вода најдобра е дождовницата. Откако ќе ги засадите билките, треба неколку денови да поминат за да “слегне” езерцето. Потоа, во зависност од тоа како саката да ја обликувате обалата, фолијата треба да ја скратите.

Како премин помеѓу езерцето и копното и за прекривање на испапчените рабови, добри се покажале природните камења. На пазарите може да се најдат и готови градинарски езерца. За нив е потребно само ископот да го направите според правилата на изведувачите.

Ако во своето градинарско езерце планирате да чувате риби, тогаш се препорачува да врадите систем за филтрирање со пумпа и УВЦ прочистувач. Системот за филтрирање ја елиминира нечистотијата и алгите и го подобрува квалитетот на водата.