Населението од Бајкалскиот регион на Русија комбинираат тибетска медицина и шаманизам, а на Владимир Путин редовно му испраќаат чај за кој наводно се тврди дека дава бесмртност. Научниците будно ги проучуваат нивните методи.

Земјата на вечното сино небо – ваквиот поетски назив го осмислиле Бурјатите кои таму се доселиле пред многу векови.

Од Монголија, својата татковина, номадите ги пренеле своите древни обичаи и многу необичната традиционална народна медицина.

Нивните предци биле ловци и војници кои имале огромно искуство во лекување на рани, фрактури и дислоцорани зглобови.

Нивниот тераписки метод се нарекувал “боро арга”, односно “едноставно лекување”. Номадите не користеле чаеви туку облози и мевлеми, а траумите ги лекувале буквално со “оган и меч”: отворената рана ја запечатувале со вжештен камен, гранка или меч и на тој начин го сопирале крвавењето.

Местењето на коски и зглобови спаѓало во сферата на “барјаашите” – народните киропрактичари. Секој барјааш имал свои методи кои ги чувал во тајност. Некои лекари биле многу талентирани и местеле скршени коски дури од 20 делови. Покрај тоа, баријашите го масирале телото со посебни алатки од сребро. Понекогаш им помагале шамани со термо масажа на многу необичен начин (со врели стапала).

Претседателот Владимир Путин во текот на посетата пиел чај со монасите и го разгледувал телото на лама-Даша-Доржо Итигелов, кое се смета за свето и кое не се распаднало ниту после 90 години.

Се верува дека овој лама ја знаел тајната на бесмртноста. Научниците тврдат дека белковините во клетките на мртвиот монах имаат карастеристика на жив организам.

Во 17 век многу Буријати го прифатиле будизмот и оттогаш започнале и покрај боро арга да користат и рецепти од тибетската медицина.

Овие два различни пристапи на лекување досега коегзистираат во потполна хармонија и се дополнуваат еден со друг.

Бајкал стана Мека за бањскиот туризам. Во арсеналот на бурјатските лекари покрај тибетските чаеви и акупунктурата – лекуваат и со млеко од кобила, мечкина маст и маст од јазовец, а покрај тоа користат и бањи од роговите на сибирки елени.

РЕЦЕПТИ ОД ТИБЕТСКИТЕ ЧАЕВИ

-Солен чај со путер против умор

Прелијте 25 г црн чај со половина литар зовриена вода и варете 20 минути на тивок оган. Процедете. Додадете една-две чаши вода, 1,5 чаша млеко, 50 г растопен путер и половина лажиче сол. Добро промешајте со миксер или блендер. Испијте го чајот додека е врел.

ЧАЈ ЗА МОЌНОСТ КАЈ МАЖИТЕ

Супена лажица иситнет кантарион прелијте со чаша врела вода. Оставете еден час, па процедете. Консумирајте третина чаша, трипати дневно, половина час пред оброк.

ЧАЈ ПРОТИВ БРОНХИТИС

Прелијте 40 г цвет од хељда со 2 литри зовриена вода. Почекајте еден час, па процедете. Консумирајте третина чаша, трипати дневно половина час пред оброк.

ЧАЈ ПРОТИВ БРОНХИЈАЛНА АСТМА

Иситнете 20 г лук и 4 лимони, па прелијте ја смесата со еден литар зовриена вода. Оставете 5 дена да отстои на ладно место. Консумирајте по две супени лажици, трипати дневно, половина час пред јадење.

ЧАЈ ПРОТИВ ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

Една чајна лажичка мелено мускатно оревче прелијте со половина чаша зовриена вода. Оставете 45 минути, потоа додадете малку мед. Пијте го напитокот 15 минути пред јадење или пред спиење. Терапијата трае три месеци.