Најмекиот и најмирисниот куглоф, со сечкани ореви и пудинг од ванила. Ќе уживате во секој залак.

Потребни состојки: Состојките се мерат со шолја од 200 мл. 4 јајца, 1 шолја шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 шолја масло, ½ шолја јогурт, ½ шолја млеко, 2 шолји брашно, 1 пудинг од ванила (не треба да се вари), 1 прашок за печиво и 1 шолја сецкани или мелени ореви

За калап да се премачка добро и нароси: 30 г маргарин/путер или 2 лажици масло
малку брашно. Постапка: Намачкајте го калапот со маргарин или масло и наростете го со брашно. Вишокот истресете го. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее.

Изматете ги јајцата (без одвојување на белките), додадете шеќер и ванилин шеќер па продолжете со матење. Додадете ги сите останати состојки, прво течните па сувите (прашокот од пудингот измешајте го до останатите суви состојки) и полека со лажица промешајте.

Добиената смеса излејте ја во куглоф и печете околу 40-60 минути. Оставете малку да излади, извадете од калап и наросете со шеќер во прав. Исто така, можете да го прелиете со чоколадна глазура или овошна глазура, или пак, ројал/глазура (изматен снег од белка со шеќер во прав додека да се постигне посакуваната густина).