НАЈУБАВИОТ ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ СО ГРИЗ: Најкремастиот десерт без печење. Чоколадната торта со гриз ќе ве освои уште од првиот залак. Совршената комбинација од чоколадо, гриз и пудинг ја прави оваа торта една од највкусните.

Но, покрај фантастичниот вкус, оваа торта е украсена и со едноставна подготовка и неверојатно кремаста текстура. Еден од најпознатите гриз колачи е кохот, а за некои тоа е раванијата, но овој деликатес ќе ве освои уште од првиот залак. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за кората: 600 мл млеко, 6 лажици гриз, 6 лажици шеќер, 2 лажици какао, 20 г чоколадо за готвење, 2 лажици рум. За фил:, 40 г пудинг од ванила, 450 мл млеко, 3 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 120 г шлаг со вкус на ванила

ПОСТАПКА: Во тенџерето истурете 200 мл млеко и ванилин шеќер и оставете да се загрее. Пудингот измешајте го со шеќерот и 50 мл млеко, па додајте го во загреаното млеко и варете додека да се згусне со постојано мешање.

Истурете во сад и покријте со проѕирна фолија, па оставете да се излади. Во друг сад измешајте гриз, какао и шеќер, па истурете во тенџерето во кое сте го загреале млекото. Гответе со постојано мешање додека да зоврие.

Потоа додајте го чоколадото и мешајте додека да се растопи, а потоа вмешајте го и румот. Добиената смеса истурете ја во огноотпорен сад или калап (20х30 см) и оставете ја да се излади.

Изматете го шлагот со 200 мл млеко, а потоа изматете го оладениот пудинг, па соединете ги и сè убаво измешајте со миксер. Сипете преку чоколадната смеса и израмнете. Оставете да се излади преку ноќ.

Украсете со какао во прав по желба, па послужете. На здравје сладење! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „ЦРНО БЕЛ ГРИЗ КОЛАЧ: За секој ден, едноставен, со евтини состојки, а многу вкусен и сочен“ – ОВДЕ.

ЦРНО БЕЛ ГРИЗ КОЛАЧ: За секој ден, едноставен, со евтини состојки, а многу вкусен и сочен