БЕЛА ТЕЛЕШКА ЧОРБА: Со ова јадење нема грешка: вкусот е феноменален, а подготовката е лесна. Белата чорба моѓе да се прави со пилешко или телешко месо и најчесто се служи во кафеани, но неизбежна е и на прослави или празници.

Исто така, чорбата е многу вкусна, богата со месо и изелечнук, па затоа е одлична замена за оброк. Не ви се потребни посебни кулинарски вештини за да направите бела чорба, а толку е вкусна што ќе сакате да ја правите повторно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г телешко месо, 1 морков, 1 пашканат, 1 мал целер, 1 главица кромид, 4 компири, 2 грста грашок. За запршка: 1 рамна лажичка брашно, 1 чаша вода. И уште: 1 жолчка од јајце, 5 лажици неутрална павлака за готвење

ПОСТАПКА: Кромидот пресечете го на половина и испечете го на плотна или во тава шпорет. Сипете вода во тенџере и додајте го месото, па варете го додека тоа да омекне. Посолете, а потоа додајте го и потпечениот кромид.

Морковите и целерот исчистете ги, па додајте ги како цели парчиња во тенџерето со месото. Кога зеленчукот ќе омекне, а месото е сварено, процедете ја супата. Во бистрата супа додајте ситно сечкани компири и грашок, а морковот ситно исечкајте го.

Отфрлете го другиот зеленчук. Кога компирот и грашокот ќе омекнат, а месото малку ќе се олади, исечкајте го и вратете го во чорбата. Кога ќе видите дека компирите се готови, направете запршка со мешање брашно и вода, па добро измешајте да нема грутчиња.

Истурете во чорбата и промешајте. Гответе уште неколку минути, па оставете да се излади. Во изладената супа додадете ја изматената жолчка која сте ја измешале со павлаката за готвење, па измешајте и послужете.

Внимавајте супата да не е прежешка бидејќи жолчката не треба да биде сварена, туку да даде боја. Можете прво во неа да сипете малку од топлата течност, да ја помешате за да се загрее, па да ја вратите во тенџерето.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Го најдовме оригиналниот рецепт за БЕЛА КАФЕАНСКА ЧОРБА : Совршена комбинација од вкусен зеленчук и пилешко, зготвена во бел прелив“ – ОВДЕ.

Го најдовме оригиналниот рецепт за БЕЛА КАФЕАНСКА ЧОРБА : Совршена комбинација од вкусен зеленчук и пилешко, зготвена во бел прелив