КОЛАЧ СО МАЛИНИ И ЈОГУРТ: Одлична комбинација од мек пандишпан и бобесто овошје. Мек колач со малини кој сите го сакаат. Жолтиот колач е добро познат деликатес, а пробајте сличен рецепт за колач со малини и јогурт.

Само изматете ги состојките за тестото и додајте ги малините, па печете. Нема поедноставна подготовка од оваа, а вкусот никогаш не бил подобар. Ако сакате летни колачи со малини, тогаш мора да го пробате овој. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 1/4 лажичка сода бикарбона, 1/2 лажичка сол, 120 г шеќер, 100 мл масло, 2 јајца, 180 г цврст јогурт, 1 лажичка екстракт од ванила, 200 г замрзнати малини, шеќер во прав (калап 20 см)

ПОСТАПКА: Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека тој да се растопи и да добиете густа кремаста смеса. Потоа додајте ги една по една останатите состојки: јогуртот, маслото и ванилата.

Сè убаво измешајте, па додајте просеано брашно, прашок за печиво, сода бикарбона и сол. Добро изедначете и истурете ја во помал сад/калап обложен со хартија за печење. Одозгора распоредете ги смрзнатите јагоди или овошјето по желба.

Ставете да се пече во загреана рерна на 170°C приближно 40-45 минути. Посипете со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „МНОГУ ЛЕСЕН РЕЦЕПТ ЗА КОЛАЧ СО МАЛИНИ: Сите состојки ставете ги во блендер и изматете“ – ОВДЕ.

МНОГУ ЛЕСЕН РЕЦЕПТ ЗА КОЛАЧ СО МАЛИНИ: Сите состојки ставете ги во блендер и изматете