Наједноставен колач со јаболка и гриз – мек и многу вкусен

Ова е толку едноставен и брз колач, а мек и многу вкусен.

Потребни состојки:

1 шолја гриз
1 шолја брашно
1 шолја масло
1 шолја шеќер
½ шолја млеко
1 јајце
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
½ цимет
2 рендани јаболка

за прелив:

4 лажици шеќер
4 лажици млеко
4 лажици масло
100 г чоколадо за готвење

1 шолја = шолја за бело кафе, таква јас користев, околу 200 мл, а вие која шолја ќе ја користите, истата користете ја за сите состојки.

Постапка:

Изматете едно јајце со шеќер, па додадете гриз, брашно, прашок за печиво, ванилин шеќер, млеко, јаболка и ½ кесичка цимет. Сите состојки добро промешајте ги, а добиената смеса излејте ја во намастен олех со средна величина или калап по ваш ибор (помал за повисок колач, поголем за понизок).

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени додека колачот да зарумени (проверете со чепкалка), па кога е печен извадете го од рерна и додека е врел прелијте со глазурата.

Глазура: 4 лажици масло, 4 лажици шеќер, 4 лажици млеко и 100 г чоколадо растопете ги и соединете ги на тивок оган или на пареа.

Колачот оставете го да излади прво на собна температура, а потоа и во фрижидер, па сечете го и послужете го.

Loading...