Ако сакате некој вкусен колач кој се приготвува за само пет минути и за кој ќе извалкате многу малку садови, а дома имате едно јаболко, тогаш овој рецепт ќе ве воодушеви. Сите состојки се мешаат во еден сад, а настрана само треба да го исечете јаболкото на тенки листови и да го пропржите со шеќер. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јаболко, сок од 1/2 лимон, 1 лажица шеќер, 1 лажица путер, малку цимет по вкус, 1 лажица џем од кајсии, 3 јајца, 150 г шеќер, прстофат сол, 1 кесичка ванилин шеќер (8-10 г), 120 мл растително масло, 150 мл млеко, 250 г брашно, 1.5 кесичка прашок за печиво (16 г), шеќер во прав за наросување одозгора.

ПОСТАПКА: јаболкото измијте го, излупете го и пресете го на половина, отстранете ги семките и исечете го на тенки плочки. За да не потемне и да ја сочува цврстината посипете го свежо исцеден сок од еден лимон и тргнете го кратко настрана.

Во сува тава ставете една супена лажица шеќер и една супена лажица омекнат (несолен) путер, па ставете на умерена температура да се загрева додека да се растопи и карамелизира. Потоа наредете ги плочките од јаболко во еден ред врз растопениот карамел.

За уште поубав вкус додајте една супена лажица џем од кајсии или некој друг по ваш вкус и избор и промешајте внимателно. После неколку минута-две внимателно превртете ги јаболката и од другата страна за да се запржат убаво и рамномерно, а по желба наросете ги и со цимет во прав, за уште поубав мирис и арома.

Запржените плочки од јаболко истурете ги во една чинија сосе сосот што останал во тавата, па тргнете ги настрана до употреба. Во посебен подлабок сад скршете ги јајцата и додајте ја ванилата, шеќерот и прстофат сол. Изматете со миксер додека смесата да стане кремаста и шеќерот да се растопи (5-8 минути).

Потоа во тенок млаз додајте го маслото, промешајте, а потоа на ист начин додајте го и млекото. Во прашното додајте го прашокот за печиво, па додајте го просеано во смесата од јајца, но во неколку минути. Мешајте полека со кујнска жица-маталка додека сите состојки да се изедначат.

Кога ќе добиете хомогена, мазна смеса без грутчиња, истата излејте ја во во калап со средна големина (по можност со флексибилен обрач), обложен со хартија за печење и намастен со малку путер на ѕидовите од садот. Израмнете ја смесата и протресете го калапот за да излезат евентиалните воздушни меурчиња.

Со помош на виљушка или кујнска „маша-фаталка“ внимателно наредете ги плочките од јаболко кои претходно ги карамелизиравте, па ставете го колачот да се пече во загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути или во зависност од вашата рерна.

Кога ќе добие убава златна боја, проверете со чепкалка дали е печен, па извадете го да се олади. Отстранете го обрачот и по желба одозгора наросете го со шеќер во прав. Послужете го со кафе, чај или некој ваш омилен пијала и сладете се во прекрасниот вкус. Деталите погледнете ги ОВДЕ.