Најубавиот старински колач со ореви…Едноставен и брз, а со толку богат вкус…
Едноставен колач со ореви!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Кора:
1 јајце
180 г шеќер
100 мл масло
200 мл млеко
150 г меко брашно Т400
10 г прашок за печиво
10 г ванилин шеќер
50 г мелени ореви
Фил:
250 мл млеко
8 лажици шеќер
125 г маргарин/путер
100 г чоколадо за готвење
230 г мелени ореви
сечкани ореви за посипување
ПОСТАПКА:
Со миксер соединете ги сите состојки за кората. Смесата сипете ја обложен калап 27х18 см и печете 25-30 минути во загреана рерна на 200 степени.
На тивок оган растопете ги чоколадото, путерот и шеќерот во млекото, па додајте ги мелените ореви и промешајте. Филот распоредете го врз печениот колач. Оладете на собна температура па посипете со ореви. Потоа оставете 2 часа во фрижидер.
За детален начин на подготовка, погледнете го видеото ОВДЕ: