НАЈМЕКИОТ КОЛАЧ НА СВЕТОТ…Многу лесно се прави, а вкусот е неодолив…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
1 прстофат сол
150 г шеќер
8 г ванилин шеќер
80 мл масло
100 мл млеко
1 лажица инстант кафе
180 г брашно
20 г какао
15 г прашок за печиво

За крем:
1 лажица шеќер
1 лажица скроб
1 лажица инстант кафе
300 мл млеко
1 полна лажица „лотус“ крем (замена може путер од кикирики, нутела, крем сирење и сл.)

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад изматете ги јајцата со прстофат сол, шеќер и ванила, па додајте масло и млеко во кое сте раствориле инстант кафе.

2.Во посебен сад измешајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво, па додајте ги во течната смеса и изедначете да нема грутчиња.

3.Излејте ја во калап со средна големина претходно намастен и набрашнет, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 35 минути.

4.Печениот пандишпан оставете да се олади, па пресечете го на половина, да добиете две кори.

5.Сите состојки за кремот помешајте ги во едно тенџере и загревајте на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне.

6.Кремот истурете го рамномерно врз долната гора и преклопете со горната кора. одозгора посипете со шеќер во прав и исечете коцки. Постапката погледнете ја ОВДЕ.