МОЗАИК КОЛАЧ ОД 3 СОСТОЈКИ ЗА 5 МИНУТИ: Нешто многу вкусно набрзина…Мозаична торта со инстант пудинг е одлична алтернатива за колачи која се истакнува со својата практичност и вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 кесички пудинг со вкус на чоколадо + шеќер по вкус
1 литар млеко
3 пакувања петибор бисквити (550 г)

ПОСТАПКА:

1.Со постојано мешање згответе го пудингот со 1 литар млеко. Кога ќе почне да врие, тргнете го од шпоретот, конзистентноста ќе биде малку течна. Кога ќе се олади уште повеќе ќе згусне.

2.Во голем сад искршете ги бисквитите со рака.

3.Одозгора истурете го сварениот и топол пудинг, па промешајте.

4.Правоаголниот калап за ролати или леб (долгнавест, тесен и длабок) обложете го со стреч фолија и излејте ја внатре смесата. Добро распоредете ја за да нема празни простори и израмнете одозгора.

Доколку немате калап, смесата ставете ја во стреч фолија и завиткајте ја во ролат.

5.Оставете го колачот да отстои во фрижидер преку ноќ. За украсување на горниот дел по желба можете да користите растопено чоколадо или готов чоколаден прелив. Постапката погледнете ја ОВДЕ.